Свет
САД обвинуваат за руски хакерски напад врз електроенергетска компанија во Вермонт
Руски хакери извеле напад врз електроенергетска компанија во источната американска сојузна држава Вермонт, но тоа не се одразило на функционирањето на електроенергетската мрежа, објави погодената компанија, без да го навее периодот кога се случил наводниот напад.
Како што пишува весникот The Washington Post, агенти на американското Федерални биро за истраги FBI, кодот кој им се опишува на наводните руски хакери во операцијата „ Grizzly Steppe“ како што ја нарекува администрацијата на претседателот во заминување Барак Обама, ја предупредиле една од двете компании кои ја одржуваа енергетската мрежа во државата Вермонт. Во написот се наведува дека FBI на главните комунални компании во земјата им ги предала кодот кој им се припишува на „руските хакери“.
Подоцна компанијата „Burlington Electric“ објави дека таквиот код е откриен во лаптоп поврзан, но кој не бил поврзан на мрежата.
„Веднаш реагиравме за да го изолираме лаптопот и ги предупредивме сојузните функционери за откритието“, се наведува во соопштението на компанијата и се додава дека екипата соработува со сојузните власти за да го утврди потеклото на штетниот софтвер и да спречи други обиди за инфилтрирање во електроенергетските системи, пренесува Reuters.
Министерството за татковинска безбедност во четвртокот вечерта електроенергетските компании на опасниот код „Grizzly Stepp“, потврди компанијата „Дејствуваме брзо за да ги провериме сите компјутери во нашиот систем на штетниот софтвер, Го откривме во само еден лаптоп кој не е поврзан со мрежата“, се истакнува во соопштението.
Американската влада и електроенергетската индустрија постојано ја следат националната електроенергетска мрежа, бидејќи речиси целосно е компјутеризирана и какво и да е пореметување би можело да има катастрофални последици за функционирање на системот.
„Упадот бил помал инцидент и не предизвикал никаква штетата. Но го сфаќаме сериозно бидејќи е утврдено дека потекнува од познатите ентитети кои учествуваат во поголема кампања против владата во кибернетичкиот простор и поради тоа што кибернетичката мрежа е ранлива и дел од клучната национална инфраструктура“, изјавил за Reuters американски разузнавач запознаен со случајот
Американските стручњаци сметаат дека Русија била одговорна и за хакерскиот напад врз украинската електроенергетска мрежа во декември 2015 година, кога без струја останаа речиси 250.000 луѓе.
Поради тоа, републиканскиот сенатор Џон Меккејн во петокот во Киев порача дека Москва морала да плати за кибернетичките напади врз САД, заканувајќи се со нови санкции, вклучително и за финансиските институции.
„Кога ќе нападнете една земја, тоа е воен акт. Затоа мораме да се погрижиме за тоа да се плати, за да би можеле да ги увериме русите да прекинат со таквите напади на самите основи на нашата демократија“, порача Меккејн во интервјуто за украинската телевизија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нова вакцина против рак на кожа го намалува ризикот од смрт за 49 проценти
Експериментална вакцина против рак на кожа, развиена во соработка помеѓу фармацевтските компании „Модерна“ и „Мерк“, покажува силни и трајни антитуморски ефекти кај пациенти со напреднат меланом.
Петгодишното следење на вакцината во клиничките испитувања укажува на значителни придобивки од преживување, објавува „Euronews“.
Терапијата, која моментално е во фаза 2 на клинички испитувања, ја комбинира персонализираната mRNA технологија на „Модерна“, Intismera Autogen, со имунотерапевтскиот лек Keytruda на „Мерк“.
Заедно, третманите го намалија ризикот од повторна појава на рак или смрт за 49 проценти кај пациенти со висок ризик од меланом кои биле подложени на операција, во споредба само со Keytruda.
„Продолжуваме да инвестираме во нашата платформа за онкологија поради охрабрувачки резултати како овие, кои го илустрираат потенцијалот на mRNA во третманот на рак“, рече Кајл Холен, виш потпретседател на „Модерна“.
Свет
Путин: Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.
„Она што се случува со Гренланд не е наша работа, но ние имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД, на пример Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им продаде на САД, а САД ја купи Алјаска од нас“, рече претседателот на Русија на седница на Рускиот совет за безбедност, според Спутник, пренесува РТРС.
Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.
„САД имаат на располагање една милијарда долари за да го купат Гренланд“, вели Путин и верува дека врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.
„Ако споредиме со цените на златото од тогаш, таа бројка би била многу поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде: „Но, мислам дека и САД можат да си ја дозволат таа бројка“, според агенциите.
Фото: ЕПА
Свет
Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за иден договор за Гренланд и арктичкиот регион, пренесуваат медиумите во регионот.
Најави одложување на воведувањето царини што требаше да стапат на сила на 1 февруари, напиша тој на социјалната мрежа Truth Social.
Трамп изјави дека на „многу продуктивен состанок“ со Руте е формирана „рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“. Тој оцени дека решението, „доколку се реализира, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и сите земји-членки на НАТО“.
Врз основа на постигнатото разбирање, Трамп потврди дека се откажува од воведувањето царини. „Нема да ги воведам царините што требаше да стапат на сила на 1 февруари“, се вели во соопштението. Тој додаде дека има и „дополнителни дискусии во врска со „Златната купола“ во Гренланд“ и дека повеќе информации ќе бидат достапни како што напредуваат разговорите.
Според Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф ќе бидат задолжени за преговорите. Тој нагласи дека тие ќе „поднесуваат извештаи директно до него“.

