Свет
Саркози мора да се појави пред суд како сведок
Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе треба да сведочи на судењето на поранешните помошници, кои се обвинети за злоупотреба, одлучи судијата.
Иако Саркози, кој има претседателски имунитет во овој случај, рече дека нема да се појави како сведок на суд, судијата одлучи дека неговото сведочење е неопходно за да се утврди вистината за анкетите на јавното мислење, кои беа наредени додека тој беше шеф на државата.
Судијата исто така смета дека Саркози „веројатно имал влијание врз делата“ за кои беа обвинети неговите поранешни соработници и помошници, пренесува „Гардијан“.
На Саркози му беше наредено да се појави пред судија и да биде сослушан на 2 ноември.
На петмина поранешни соработници и помошници на Саркози помеѓу 2007 и 2012 година, кога тој беше на чело на Франција, им се суди под обвинение за фаворизирање, заговор и злоупотреба на јавни средства за склучување договори со компании за истражување на јавното мислење во вредност од 7,5 милиони евра.
Според францускиот Устав, претседателот има имунитет за дела извршени за време на неговиот мандат, но тоа не го спречува да се појави како сведок на судењето.
Правниот тим на Саркози одби да го коментира овој случај во оваа фаза.
Саркози беше прогласен за виновен кон крајот на септември за нелегално финансирање на својата кампања за претседателските избори во 2012 година. Во овој случај тој е обвинет дека потрошил двојно од законски максималната сума од 22,5 милиона евра за време на кампањата.
Саркози беше осуден за корупција претходно оваа година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.
Свет
Почина и сопругата на иранскиот ајатолах: им подлегна на повредите
Мансуре Хоџастех, сопругата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, почина од повредите здобиени во неодамнешните американско-израелски напади, објавија иранските државни медиуми.
Медиумите потсетуваат дека Хамнеи беше убиен во заеднички американско-израелски напади насочени кон неколку локации во Техеран и неговата околина.
Според иранските државни медиуми, Хоџасте беше повредена во истиот бран напади, а денес им подлегна на повредите.

