Свет
Саудискиот принц обвинет дека испратил платени убијци во Канада
Престолонаследникот на Саудиска Арабија испратил платени убијци во Канада за убиство на поранешен саудиски разузнавачки агент, се вели во тужба поднесена во еден американски окружен суд, пренесува „Анадолија“.
Во тужбата на 106 страници, Саад Алџабри (39) посочува дека принцот Мохамед бин Салман сакал да го убие затоа што тој знаел премногу за наводно корумпираните деловни активности на принцот, како и за формирање група платеници наречена одредот Тигар. Алџабри е постојан жител на Канада.
Алџабри, ветеран од саудиската разузнавачка служба, вели дека одредот Тигар го убил саудискиот новинар Џамал Кашоги во саудиската амбасада во Турција во 2018 година. Во тужбата тој додава дека има близок работен однос со американските разузнавачи и дека преку откритијата може да ѝ наштети на репутацијата на Бин Салман во Вашингтон.
„Малку места чуваат толку чувствителни, понижувачки и осудувачки информации за обвинетиот Бин Салман од умот и сеќавањето на д-р Саад – освен можеби снимките што д-р Саад ги направил очекувајќи го своето убиство“, се наведува во судскиот документ. „Затоа обвинетиот Бин Салман го сакал мртов и работел на постигнување на таа цел во последните три години“.
Канадската влада одби да коментира за тужбата, но министерот за јавна безбедност, Бил Блер, рече дека владата знае за ситуации кога странските субјекти им се заканувале на Канаѓани, како и на луѓе што живеат во земјата.
„Сосема е неприфатливо и ние никогаш нема да толерираме странски актери што ѝ се закануваат на националната безбедност на Канада или на безбедноста на нашите граѓани и жители“, се вели во изјавата на Блер.
Алџабри избегал од Саудиска Арабија во 2017 година пребегувајќи во Турција, а потоа и во Торонто, каде што престојува.
Ова не е прв случај Бин Салман да биде обвинет дека сакал да убие жител на Канада . На 22 јуни, Омар Абдулазиз, истакнат критичар на Саудиска Арабија, кој сега е во егзил во Канада, го предизвика гневот на саудискиот принц, а канадските власти го предупредија дека може да биде обележан за атентат или киднапирање од Саудијците.
И Абдулазиз побегнал во Канада и сега има сатирична емисија на „Јутјуб“ позната поради критиките кон Саудиска Арабија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.
Свет
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад убиен во напади откако ракета погодила дом
Според извештаите на израелските медиуми, поранешен претседател е убиен во најновата рунда напади. Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад наводно е убиен во израелските и американските напади врз Иран.
Иранските новински агенции потврдија дека поранешниот претседател на Иран, Махмуд Ахмадинеџад, е убиен во воздушни напади. Израелските медиуми објавија за убиството, опишувајќи го како дел од тековната кампања насочена кон високи ирански личности. Ахмадинеџад беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“

