Свет
Светот влезе во новата 2017-та
Некои делови од светот веќе влегоа во новата 2017 година, а првите во 11 часот по средноевропско време жителите на островите Самоа и Кирибати во јужен Пацифик.
Жителите на јужно пацифичките острови Самоа, Токелау и Кирибати прво во светот влегоа во новата 2017 година во 11 часот по средноевропско време.
Самоа, група острови со 180 илјади жители и Токелау, архипелаг од атоли со 1.400 жители под управа на Нов Зеланд, во пресрет на 2012 година ја сменија страната на датумската граница, од нејзината источна страна преминаа на западната, и наместо во новата година да влегуваат меѓу последните, како дотогаш, сега влегуваат први.
За разлика од нив, жителите на островот Киритимати се навикнати во новата година да влегуваат први. Станува збор за најисточниот дел од пацифичката островска држава Кирибати, група егзотични тропски корални острови коишто во XVIII век ги открил капетанот Џејмс Кук токму на Бадник, па така Киритимати е познат и како Божикниот остров.
Еден час по Самоанците и пет илјади жители на Божикниот остров во 2017 година влегоа и жителите на Нов Зеланд..
Во 13 часот настапи во некои области на Русија, а пота во 14 часот настапи влезе Австралија каде што милиони жители уживаа во спектакуларниот огномет над Сиднеј.
Во 2017 година последни ќе влезат жителите на Француска Полинезија Американска Самоа, цел ден по Самоа, иако ги дели само 80 километри./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

