Свет
Северна Кореја продолжува со тестирања – лансирани две балистички ракети

Северна Кореја денеска од аеродромот во Пјонгјанг лансира два проектила за кои постои сомневање дека се балистички ракети со краток дострел (СРБМ).
Ова е, како што беше проценето, четврти тест овој месец како дел од напорите на Пјонгјанг да демонстрира растечки ракетен арсенал, оценува „Ројтерс“. Јапонија исто така го објави лансирањето, а главниот секретар на кабинетот, Хироказу Мацуно, ги осуди последните дејства на Пјонгјанг како закана за мирот и безбедноста.
„Денеска две ракети SRBM беа ланирани источно од аеродромот ‘Сунан’ во Пјонгјанг“, се вели во соопштението на Здружениот штаб на Јужна Кореја (JCS).
Лансираните ракети поминаа речиси 380 километри до максимална височина од 42 километра, се вели во соопштението на JCS. Јапонскиот министер за одбрана, Нобуо Киши, рече дека проектилите паднале во океанот во близина на источниот брег на Северна Кореја. Киши им рече на новинарите дека континуираното лансирање севернокорејски балистички ракети е сериозен проблем за меѓународната заедница, вклучително и Јапонија.
Индо-пацифичката команда на американската војска соопшти дека лансирањето не претставува непосредна закана за САД или нивните сојузници, но дека овие лансирања проектили го нагласуваат дестабилизирачкото влијание на нелегалното оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Тврдењата на Киев се лажни – Украинските екстремисти од Азовстал се предаваат, нема збор за евакуација

Обидите на Киев да го окарактеризира предавањето на украинските екстремисти од „Азовстал“ како евакуација се неточни, тие се предаваат, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Недвосмислено е дека војниците кои се засолниле на територијата на „Азовстал“ се предаваат и го полагаат оружјето. Што се однесува до нивната идентификација, прашањето треба да се испрати до Министерството за одбрана на Русија – изјави тој.
Песков ги нарече недозволиви обвинувањата на Киев дека руски војници вршеле злосторства за време на специјална воена операција и рече дека многу од случаите за кои зборува Киев се лажни и монтирани.
– Многу од случаите за кои зборува Киев се очигледно лажни. Најмногу сме шокирани од монтираните случаи кои нашите експерти покажаа дека се лажни, па така се однесуваме кон нив – нагласи портпаролот на Кремљ, пренесе Новости.
Европа
Песков: Нема напредок во преговорите меѓу Украина и Русија, Киев не е заинтересиран за нивно продолжување

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека нема напредок во мировните преговори на Русија со Украина и дека Киев не е заинтересиран за нивно продолжување.
Преговорите не напредуваат, рече Песков, пренесува „Ројтерс“.
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Андреј Руденко изјави во вторникот дека Москва и Киев не водат разговори „во ниту една форма“ и дека Украина „практично се повлече од преговарачкиот процес“.
Европа
Русија протера 34 вработени во француската амбасада

Москва прогласи 34 вработени во француската амбасада за персона нон грата како одговор на протерувањето на руските дипломати, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.
Според „Спутник“, руското министерство соопштило дека претставниците на амбасадата имаат рок од две недели да ја напуштат Русија.