Свет
Се омажи добитничката на Нобеловата награда за мир, Малала Јусафзаи
Добитничката на Нобеловата награда за мир и активистка за човекови права, Малала Јусафзаи, објави дека се омажила за својот партнер Асер Малик на скромна церемонија во Бирмингем.
Малала (24), пакистанска активистка за правото на образование на жените, на својот твитер-профил објави фотографии од венчавката, на кои се гледаат Малик и членовите на нивното семејство.
Today marks a precious day in my life.
Asser and I tied the knot to be partners for life. We celebrated a small nikkah ceremony at home in Birmingham with our families. Please send us your prayers. We are excited to walk together for the journey ahead.
?: @malinfezehai pic.twitter.com/SNRgm3ufWP— Malala (@Malala) November 9, 2021
„Денес е посебен ден во мојот живот, Асер и јас сме посветени да бидеме партнери до крајот на нашите животи. Возбудени сме што ќе одиме заедно на патот што ни претстои“, напиша Јусафзаи, пренесува АП.
View this post on Instagram
Малала Јусафзаи на 17 години стана најмладата добитничка на Нобелова награда во која било област кога ја делеше Нобеловата награда за мир во 2014 година со индискиот активист за правата на децата, Каилаш Сатирахи.
Таа е позната како борец за правото на образование и правата на жените, особено во долината Сват, каде што талибанците им забранија на девојчињата да одат на училиште.
Таа беше застрелана на 9 октомври 2012 година кога напаѓач се качи во училишниот автобус додека се враќаше од училиште и испука два истрела во нејзината глава и вратот.
Одговорноста за нападот ја презедоа талибанците.
По атентатот, таа беше во критична состојба, но нејзината здравствена состојба се подобри, па беше префрлена во Бирмингем на понатамошно лекување.
Атентатот иницира поддршка за Малала Јусафзаи во целиот свет, а специјалниот пратеник на Обединетите нации за глобално образование, Гордон Браун, почна петиција со слоганот „Јас сум Малала“, со цел до крајот на 2015 година сите деца во светот да бидат во училиштата.
Петицијата доведе до тоа Пакистан да ја ратификува првата повелба за правото на образование.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.