Европа
Се урна мал патнички авион во Франција, најмалку петмина загинати

Најмалку пет лица загинале кога мал патнички авион се урнал на југоистокот на Франција, јавуваат француските медиуми.
Француската телевизија БФМ пишува дека патнички авион од типот „Жодел Д140“ се урнал денеска во 16 часот и 50 минути во близина на градот Адрец, во Изер, на југоистокот на Франција.
Телата на жртвите, објавила ТВ БФМ, биле пронајдени во целосно јагленисана состојба. Според неофицијални информации како што пренесуваат медиумите, меѓу жртвите, чиј број бил најмалку петмина, имало и едно дете.
Се уште не е познато како дошло до несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Медведев: Европејците повеќе не сакаат Украинци, уморни се од нив

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, оценил дека „љубовта“ на Европејците кон Украинците пука, пишуваат медиумите во регионот.
„Се чини дека возбудливата љубовна приказна на Европејците и Украинците е при крај. Европејците повеќе не сакаат Украинци, уморни се од нив. Гневните Полјаци се потсетија на нивниот луд национализам. Тие гласно потсетуваат на речиси четири милиони Украинци, кои се населиле во нивната земја, дека се во Полска“, напишал Медведев на својот канал „Телеграм“.
Како што пренесува Спутник, тој додал дека „слични процеси се случуваат и во други европски земји, кои започнале „љубовни игри“ со Киев“.
„Избледените чувства нема повторно да разгорат никакви ветувања за иден не толку близок и нерамноправен брак“, протолкувал Медведев.
Европа
(Видео) Најмалку три лица загинаа во експлозии во руски Белгород

Најмалку три лица загинаа во експлозии во рускиот град Белгород, кој се наоѓа во близина на границата со Украина, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на апликацијата „Телеграм“.
Најмалку четири лица се повредени, од кои две се хоспитализирани, меѓу кои и едно 10-годишно момче, јавуваат агецниите.
Експлозиите делумно уништиле 11 станбени згради и најмалку 39 куќи, кажал тој.
„Истражуваме што се случило“, додал тој.
Ројтерс, исто така, пишува дека не може самостојно да ги потврди извештаите.
Белгород, град со речиси 400.000 жители, на околу 40 километри северно од границата со Украина, е административен центар на регионот Белгород.
Откако Русија ја започна својата инвазија на 24 февруари, имаше бројни извештаи за напади врз Белгород и други региони кои граничат со Украина, а Москва го обвини Киев за извршување на нападите.
Украина не ја презеде одговорноста за претходните напади, но ги опиша инцидентите како одмазда и „карма“ за руската инвазија.
Москва своите дејствија ги нарекува „специјална воена операција“ за разоружување и „денацификација“ на Украина.
Украина и нејзините сојузници на Запад велат дека војната е неиспровоциран акт на агресија.
Европа
Зеленски повикува на меѓународна помош во обновата на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, четири месеци по руската инвазија, повика на меѓународна помош за обнова на неговата уништена земја по завршувањето на војната.
„Потребно е не само да се поправи сето она што го уништија окупаторите, туку и да се создадат нови основи за нашите животи: безбедни, модерни, удобно, достапни“, рече тој во говорот доцна во саботата.
Тоа би барало „колосални инвестиции, милијарди, нови технологии, најдобри практики, нови институции и се разбира, реформи“, кажал тој, според агенциите.
„Колку и да ни е тешко денес, мора да запомниме дека ќе има утре“, рекол Зеленски.
Во понеделник треба да се одржи состанок на околу 40 потенцијални земји донатори во Лугано, Швајцарија, каде што украинската влада има намера за првпат да ги претстави своите приоритети за обнова на земјата разурната од војна.
Зеленски, исто така, во видео обраќање ги потсетил Украинците дека војната е далеку од завршена.
„Неговата суровост се зголемува на некои места и тоа не може да се заборави“, додал тој, апелирајќи до своите сонародници да им помогнат на жртвите од бруталниот конфликт, пишуваат медиумите.