Свет
СЗО: Засега не поддржуваме пасоши за вакцинација

Светската здравствена организација не го поддржува барањето за поседување пасош за вакцинација за премин на границите, токму поради неизвесноста дали инокулацијата го спречува пренесувањето на вирусот, изјави денеска портпаролката на СЗО, Маргарет Харис.
Светската здравствена организација очекува кон крајот на април да бидат разгледани кинеските вакцини против Ковид-19 од производителите „Синофарм“ и „Синовак“ и можноста од нивно регистрирање на списокот на вакцини за итна употреба, рече портпаролот, пренесува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Град во Австралија во тридневен карантин поради еден заразeн со Ковид-19

Главниот град на Западна Австралија, Перт, и блискиот регион Пил ќе влезат во брза, тридневна блокада од петок на полноќ, бидејќи еден човек бил позитивен на ковид откако излегол од хотелски карантин.
Здравствените власти велат дека тој најверојатно бил заразен за време на двонеделниот карантин во хотел во Перт, што предизвика загриженост дека имало локално пренесување на коронавирусот во времето кога се појавуваат нови видови, пренесе „Ројтерс“.
Еден од неговите блиски контакти во Перт имал Ковид-19, рече премиерот на Западна Австралија, Марк Мекгауен.
„Знам дека не е лесно да се примаат вакви информации, би сакал да не мораше да го правиме ова. Но, не смееме да ризикуваме со вирусот“, рече Мекгауен.
Човекот беше во Перт пет дена, пред да полета за Мелбурн, каде што се установи дека е позитивен.
Здравствените власти во државата Викторија, чиј главен град е Мелбурн, ги следат сите 257 патници од летот на кој бил заразениот.
„Системот за карантин во хотелите, и покрај сите подобрувања, мора да се сретне со зголемениот број на комплексни видови што нè загрижуваат#, рече државниот министер на Викторија, Мартин Фули.
Мекгауен рече дека побарал од федералната влада да го намали бројот на меѓународни пристигнувања од странство во Западна Австралија на 512 од 1.025.
Европа
Русија протера пет полски дипломати како одговор на потегот на Варшава

Руското Министерство за надворешни работи прогласи пет лица вработени во полската амбасада за персона нон грата, наведувајќи дека треба да ја напуштат Русија до 15 мај, пренесуваат руските агенции.
Во соопштението се вели дека станува збор за реципрочен одговор на потегот на Варшава, којa на 15 април прогласи тројца претставници на руската амбасада за непожелни, повикувајќи се на наводнo кршење на правилата за дипломатски статус и активности на штета на Полска.
Полскиот амбасадор, кој денес беше поканет во руското Министерство за надворешни работи, беше информиран за одлуката на Москва.
Свет
Русија со предлог до Америка: Размена на гаранции дека нема да се мешаме во внатрешните работи

Официјална Москва му предложи на Вашингтон да разменат гаранции дека една земја нема да се меша во внатрешните работи на другата земја, но и да воспостават канали за комуникација со цел да се спречат идните хакерски напади, објави руското Министерство за надворешни работи.
Како што се наведува, одговорот на Вашингтон на овој предлог на рускиот претседател Владимир Путин од септември минатата година може да стане првиот чекор во вистинска насока.
Во исто време Министерството за надворешни работи на Русија, коментирајќи го извештајот на американската разузнавачка служба во кој Русија беше потенцирана како најголема закана за Америка кога станува збор за киберпросторот, рече дека на овој начин и Москва би можела да го обележи Вашингтон како нејзина најголема закана без никакви факти.
Во истите извештаи е наведено дека сопствената неспособност да иницира глобален дијалог за прашањето на меѓународната безбедносна информација е камуфлирана од лошите и веќе истрошени обвинувања кон Русија за извршување на провокативни акции насочени кон уривање на влијанието на Вашингтон и ослабување на алијансата на западните земји.
Руското министерство исто така тврди дека обвинувањата на Вашингтон кон Русија не се базираат на никакви докази, туку дека се користат исклучиво како причина за зголемување на финансирањето на американските разузнавачки служби.
„Создавањето непријател во форма на Русија заради решавање на сопствените проблеми е класичен метод што се користеше во голема мера за време на Студената војна“, потсетува рускиот оддел за надворешна политика.
Се додава дека ваквите извештаи не припаѓаат на земја која се смета за најголема светска сила, која како таква има најголема одговорност за мирот и безбедноста во светот.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?