Свет
Сиднеј меѓу најзагадените градови во светот поради шумските пожари
Австралискиот Сиднеј, заедно со индиската престолнина Њу Делхи, денеска е меѓу најзагадените градови во светот бидејќи чадот од шумските пожари на север го покри пристанишниот град, пренесува „Ројтерс“.
Индексот на квалитетот на воздухот во главниот град на австралиската држава Јужен Велс, кој е познат по ведрото и сино небо, достигна 161 по 17 часот по локално време во областите северно од центарот на градот достигнувајќи ниво на кое на граѓаните им се советува да избегнуваат вежбање на отворено.
Австралиската рурална противпожарна служба вели дека до вечерта јужните ветрови треба да почнат да го растераат чадот што се надвива над градот, кој е стотици километри јужно од местото каде што пожарите опустошија околу 136.000 хектари.
Енергетската компанија „Сантос“ ја прекина работата на проект за гас во северозападниот дел на Сиднеј поради пожар што беснее и е надвор од контрола во шумите на Националниот парк Пилигија, јужно од градот Нарабри.
„Пожарите во Пилига предизвикуваат голема загриженост“, се вели во соопштението на портпаролот на „Сантос“.
Властите предупредија на сезона со висок ризик за пожари во Австралија ова лето по две тивки сезони во споредба со пожарите во 2019 и 2020 година, познати како „Црно лето“, кои уништија област со големина на Турција и загинаа 33 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Земјотрес во Тајван: 27 лица полесно повредени, има и материјална штета
Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Тајван, при што беа повредени 27 лица а предизвикана е и материјална штета.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 40 километри југоисточно од округот Чијаи, на длабочина од 10 километри, соопшти тајванската централна метеоролошка агенција.
Материјална штета има во градовите Чиао и Таинан.
Пожарникарите соопштија дека 27 лица се хоспитализирани со полесни повреди.
Спасувачите се уште се на терен, а засега нема информации за смртни случаи, пренесоа медиумите во светот.
Свет
Трамп не е убеден дека примирјето во Газа ќе се одржи
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е уверен дека договорот за прекин на огнот во Појасот Газа ќе се одржи.
„Тоа не е наша војна, тоа е нивна војна. Но, не сум сигурен дека примирјето ќе се одржи“, рече Трамп како одговор на прашањата на новинарите, пренесе Би-би-си утрово.
Тој додаде дека Хамас е ослабен, и дека Појасот Газа изгледа како место на масовно уништување.
Трамп, поранешен магнат за недвижности, исто така рече дека „може да се направат убави работи“ со Газа ако планот се оствари.
„Тоа е феноменална локација на море. Знаете, се е добро“, додал американскиот претседател, пренесе Би-би-си.
Свет
Лидерот на Панама му одговори на Трамп: Подалеку рацете од Панамскиот канал, тој не им припаѓа ниту на САД, ниту на Кина
Панамскиот претседател Хозе Раул Мулино му порача на американскиот претседател Доналд Трамп да ги држи рацете подалеку од Панамскиот канал и дека САД никогаш нема да го вратат.
„Каналот е и ќе остане панамски, а неговата администрација ќе остане под панамска контрола во однос на неговата постојана неутралност“, повтори Мулино во изјавата по инаугурацискиот говор на Трамп во понеделникот.
Мулино го отфрли и тврдењето на Трамп дека Кина го контролира каналот што го поврзува Карипското Море со Тихиот Океан.
„Нема присуство на ниту една нација во светот што се меша во нашата администрација“, рече Мулино, без директно да ја спомене Кина.
Мулино повика на дијалог за ова прашање за „да се разјаснат покренатите точки без да се наруши нашето право, целосниот суверенитет и сопственоста на нашиот канал“.
Управата на Панамскиот канал изјави за Си-Ен-Ен дека нема да ги коментира изјавите на Трамп.
Медиумот потсетува дек за време на неговото инаугуративно обраќање, Трамп тврдеше дека Панама ги прекршила договорите кои бараат неутралност во операциите на каналот.
– Американските бродови се строго оданочени и не се третираат праведно на кој било начин, облик или форма. И пред се, Кина управува со Панамскиот канал, а ние не и го дадовме на Кина. „Ние и го дадовме на Панама и го враќаме“, рече Трамп.