Свет
(Видео) Камерите го снимија моментот на разорниот земјотрес во Кина
Најмалку 116 луѓе загинаа, а стотици се повредени по земјотресот што ја погоди северозападна Кина, објавија кинеските државни медиуми, додека спасувачките тимови се обидуваа да стигнат до преживеаните на температури под нулата.
Земјотресот го погоди округот Џишишан во провинцијата Гансу доцна синоќа, при што беа оштетени домови и патишта.
Спасувачите веднаш почнале потрага по преживеани под урнатините. Според последните податоци, во провинцијата Гансу загинале 105 луѓе, а оштетени се повеќе од 4.700 куќи, соопштија покраинските власти на прес-конференција. Од таму додаваат дека вкупно се повредени 397 лица, од кои 76 потешко, а 16 се критични.
Според кинеската државна телевизија, во соседната провинција Кингхаи загинале 11 лица. Земјотресот се случил нешто пред полноќ додека многумина спиеле во своите домови. Измерена е јачина од 5,9 степени, објави Геолошкиот институт на САД. Кинеската управа за земјотреси даде малку повисока процена, која е 6,2 степени според Рихтеровата скала.
Снимката од надзорната камера од ресторан во градот Линксија го покажува моментот кога се случил земјотресот. На видеото се гледаат клиентите и персоналот како го забележуваат првичното тресење и застануваат на момент пред ненадејно да се упатат кон излезот. Ресторанот се наоѓа на 52 километра од епицентарот на земјотресот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.