Свет
Силен земјотрес крај брегот на Чиле

Силен земјотрес од 6 степени е регистриран утринава крај брегот на Чиле, соопшти американскиот геолошки центар.
Земјотресот е регистриран во море, на длабочина од 32 километри и 34 километри југозападно од пристанишниот град Арика, објави „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Луѓето се разбегаа во паника од силниот земјотрес на Филипините, шестгодишно девојче загина

Шестгодишно девојче загина откако се сруши ѕид за време на силниот земјотрес oд 6,8 степени што денеска ги погоди Филипините, изјави градоначалникот на градот Матанао на југот во земјата.
Трикатна зграда се сруши во земјотрес на југот на Филипините, а луѓето избегаа во паника од продавниците, домовите и другите згради, соопштија официјалните лица.
Во срушената зграда има една продавница и спасувачите проверуваат дали има жртви или заробени лица под урнатините.
Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија објави дека земјотрес со јачина од 6,8 степени погодил област на околу шест километри северозападно од градот Падад, на длабочина од 30 километри во провинцијата Давао дел Сур, пренесува АП.
Во некои градови снема струја, а службените лица во градовите Давао и Котабат, каде земјотресот се почувствува многу силно, решија децата да не одат во училиштата во понеделник сè додека не се провери стабилноста на училишните згради.
Регионот Давао во последните месеци го погодија неколку земјотреси во кои имаше настрадани и повредени, а оштетени се домови, хотели, трговски центри и болници.
Регион
Нов земјотрес во Албанија, почувствуван во Црна Гора

Нов земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија доцна синоќа, јавуваат медиумите.
Според Евромедитеранскиот сеизмолошки институт, епицентарот бил на 22 километри западно од Тирана.
Јачината на земјотресот беше 4,5 степени, на длабочина од 10 километри.
Потоа нов земјотрес со јачина од 3,5 степени ја погоди Албанија, овој пат на 58 километри од Тирана.
Според податоците, овој земјотрес се почувствувал и во Црна Гора.
Свет
Грета Тунберг се извини: Тоа се случува кога импровизирате говор на друг јазик

Шведската активистска за борба против климатските промени, Грета Тунберг, се извини за изјавата дека политичарите треба да бидат „турнати до ѕид“ бидејќи тој израз критичарите ги наведе да мислата дека таа заговара насилство.
„Тоа се случува кога импровизирате говор на друг јазик. Но, секако, се извинувам доколку некој тоа погрешно го разбрал“, напуша Тунберг на Твитер.
Обраќајќи им се на младите во Торино, таа во петокот кажала дека светските лидери бегаат од својата одговорност да се борат против климатските промени.
„Мораме да бидеме сигурни дека тоа не можат да го сторат. Ќе се погрижиме да ги турнеме до ѕид и да мораат да ја исполнат својата обврска и да ја заштитат нашата иднина“, рекла Тунберг пред младите во Торино.
Во извинувањето таа додава дека направила буквален превод од шведскиот јазик каде овој израз опишува ситуација кога некој е присилен да решава тешко прашање или ситуација.
Некои критичари на социјалните мрежи, меѓутоа, ова нејзина изјава ја протолкуваа како повик на насилство врз политичарите, пренесе „АП“.
Тунберг кажа и дека таа и движењето на младите, кои ги инспирира, се против секаков облик на насилство.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија5 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија2 недели
Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде