Контакт

Европа

Странците се обидуваат да дојдат во Украина за да си ги земат своите бебиња

Објавено пред

Десетици странски родители не можеа да си ги видат своите бебиња, кои им ги родиле сурогат-мајки во Украина, затоа што не им било дозволено да влегуваат во земјата поради ограничување на патувањето поради пандемијата на  Ковид-19.

Досега 119 семејства барале дозвола за влез во земјата за да земат 125 бебиња, рече парламентарниот комесар за човекови права, Људмила Денисова, во Киев.

„Осумдесет и осум семејства веќе добија посебна дозвола, а 31 семејство веќе се во Украина“, додаде таа.

На странските државјани им е забрането влегување во земјата од средината на март како резултат на воведените мерки за борба против коронавирусот.

Редовните меѓународни летови, кои се прекинати, треба да продолжат на 15 јуни.

Давател на сурогат-услуги во земјата објави видео во кое ја објаснува тешката ситуација на новороденчињата во Украина.

Во повеќејазично видео компанијата ги повика родителите да извршат притисок врз Украина преку нивните влади.

Родителите се од Германија, Австрија и од Шпанија, некои се од Аргентина, а голем број се од Кина.

Поради своите либерални закони, поранешната советска република е еден од центрите за потпомогната репродукција и сурогат во Европа.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт1 час

Кејн: Роналдо, јас, Златната топка… Сценарио од најлудите соништа

Капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, подготвен е да стане рекордер по број на настапи за националниот тим, а пред...

Свет1 час

Маск вложува 60 милиони евра во германска технологија за центри за вештачка интелигенција во вселената

Компанијата „Спејс Икс“ на Илон Маск потпиша договор вреден 60 милиони евра со германската компанија „Сингулус технолоџис“ за набавка на...

Спорт1 час

„Инфантино треба да биде испратен во психијатриска установа“

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, го нападна својот наследник Џани Инфантино, нарекувајќи го диктатор, велејќи дека можеби ќе му...

Спорт1 час

САД го сакаат Гвардиола за селектор

Фудбалската асоцијација на Соединетите Американски Држави го гледа Пеп Гвардиола како идеален наследник на Маурисио Покетино, ја пренесе „Атлетик“, обајавата...

Свет2 часа

Трамп: Го победивме Иран, но сакаме целосна победа

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска прогласи победа на Соединетите Американски Држави во војната против Иран, која трае повеќе од осум...

Забава2 часа

Не ги оставајте прозорците подотворени во зима: како правилно да го проветрувате домот

Оставањето на прозорецот подотворен на кип изгледа како практичен начин постојано да влегува свеж воздух во просторијата. Меѓутоа, во зима...

Свет3 часа

Осудена на 100 удари со камшик бидејќи родила дете надвор од брак: „Не го заслужувам ова“

Кениската државјанка Естер Ванџа Мутони, која работела како домашна помошничка во Саудиска Арабија, е осудена на 100 удари со камшик...

Забава3 часа

На четири хороскопски знаци им претстои подобар период – проблемите остануваат во минатото

Според астролошките прогнози, четири хороскопски знаци влегуваат во поповолен период во кој би можеле да ги надминат проблемите, да ја...

Регион3 часа

Пленковиќ ја предупреди Црна Гора: Нема затворање на преговорите со ЕУ без договор за границата

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ порача дека Црна Гора нема да може да ги затвори пристапните преговори со Европската Унија доколку...