Свет
Тилерсон ги повика арапските земји на преговори со Катар
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ги повика Катар и другите арапски држави да “седнат заедно”, да дискутираат за барањата и да ја “смират реториката” со цел “да помогнат во намалување на тензиите.”Тој рече дека САД ги поддржуваат напорите на Кувајт да посредува во спорот.
Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин му поставија на Катар 13 барања кои мора да бидат исполнети во рок од 10 дена, ако сака да бидат укинати дипломатските и економски санкции изречени пред две недели за наводно финансирање на тероризам.
Меѓу овие барања се гасење на телевизијата Ал Џезира, затворањето на турските воени бази во Катар и намалување на нивото на дипломатските односи со Иран, со почитување на санкциите дека САД наметнати на Иран.
Од Катар се бара и да го спречи финансирањето на сите екстремистички групи кои САД ги смета за терорисички, вклучувајќи ја Исламската држава, Муслиманското братство, Хезболах и либанските ограноци на Ал Каеда во Сирија, некогаш познати како Нусра фронт.
Тилерсон претходно инсистираше дека сите барања се “разумни и оправдани”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
