Свет
Трамп бара ново судење за случајот со сексуална злоупотреба на писателката

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска побара ново судење во граѓанската тужба што против него ја покрена писателката Елизабет Џин Керол, во која Трамп беше прогласен за виновен за сексуален напад и клевета и беше наредено да и плати отштета од пет милиони долари.
Адвокатите на Трамп рекоа пред федералниот суд на Менхетен дека делот од отштетата од 2 милиони долари поврзан со сексуална злоупотреба е претеран, бидејќи поротата утврдила дека Керол не била силувана и дека однесувањето на поранешниот претседател не предизвикало никаква ментална повреда, пренесува „Асошиејтед прес“.
Тие додадоа дека наградата за клевета од 2,7 милиони долари е заснована на чиста шпекулација.
Во тужбата поднесена од писателката во 2022 година, се наведува дека Трамп ја силувал во соблекувалната на стоковната куќа „Бергдорф Гудман“ во Њујорк во средината на 1990-тите.
Трамп, од друга страна, ги отфрли нејзините наводи како лажни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Повеќе од 200 луѓе се повредени во експлозијата во Нагорно-Карабах

Најмалку 200 лица се повредени, а неутврден број луѓе загинале во силната експлозија што се случи во складиште за бензин недалеку од патот Степанакерт-Аскеран, јавија ерменските медиуми.
Причината за експлозијата се уште е нејасна.
Azerbaycan – Karabağ
Hankendi yakınlarında bir benzin istasyonunda patlama oldu.
Çok sayıda ölü ve yaralı olduğu söyleniyor. pic.twitter.com/KaidyvtZlQ
— Furkan (@Frknwar3) September 25, 2023
-Потребна е итна воздушна евакуација на ранетите, бидејќи ресурсите на медицинскиот центар во Степанакерт се недоволни, изјави народниот правобранител на Нагорно-Карабах.
Свет
Експлозија во складиште за гориво во Нагорно Карабах, има жртви и многу повредени

Силна експлозија со многу жртви во складиште за гориво се случи вечерва во близина на автопатот Степанакерт-Аскеран во регионот Нагорно-Карабах.
Сепаратистичките власти во регионот соопштија дека има многу повредени кои се пренесени во болница. Деталите за инцидентот се уште се оскудни. Спасувачките екипи се на местото, соопштија официјални лица.
Има голем број на луѓе со изгореници, но нема доволно лекови за да се пружи помош, пренесува Спутник Ерменија, повикувајќи се на извори од болницата, пренесува Ројтерс.
Регион
„Од вчера ништо не може да биде исто“: Курти на комеморацијата за убиениот полицаец

Косовскиот премиер Албин Курти на комеморацијата за убиениот косовски полицаец Африм Буњаку изјави дека „од вчера ништо не може да биде исто“.
„Фактите излегоа пред нас, во нашите очи и во очите на меѓународната заедница, како и во очите на сите оние кои имаат храброст и волја да ја видат вистината за регионот во кој живееме“, рече Курти во својот говор, соопшти Владата на Косово.
„Денес во нашата земја е ден на жалост поради заедничката тага и болка за Африм Буњаку, нашиот полициски наредник кој вчера го загубивме. Но, денеска е и денот кога на полицаецот Африм Буњаку ќе му бидат доделени највисоките национални почести, бидејќи заедно со тагата и болката чувствуваме гордост и доверба за Африм и за сите косовски полицајци“, рече премиерот на Косово.
Курти потсети дека Буњаку бил убиен вчера од „група тешко вооружени, опремени и професионално обучени луѓе“.
„ Законитост и уставност, мир и безбедност, за секого и за се без разлика“, рече Курти.
На овој комеморативен собир, постхумно му беше доделен највисокиот орден на Африм Буњаку.