Свет
Трамп вели дека Путин го изневерил: сојузниците мора да престанат да купуваат нафта од Русија
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека рускиот претседател Владимир Путин навистина го изневери, но инсистира дека сојузниците мора да престанат да купуваат нафта од Русија ако сакаат САД дополнително да интервенираат и да вршат притисок врз Кремљ да ја прекине војната во Украина.
„Едноставно кажано, ако цената на нафтата падне, Путин ќе се повлече“, рече Трамп по средбата со британскиот премиер, Кир Стармер. „Тој нема да има избор. Ќе се откаже од таа војна“.
Иако Трамп рече дека е подготвен да разгледа други мерки за казнување на Путин, тој нагласи дека таквите потези ќе зависат од тоа дали сојузниците ќе престанат да купуваат руска енергија.
„Подготвен сум да правам други работи, но не кога луѓето за кои се борам купуваат нафта од Русија“, рече Трамп.
Европската Унија разгледува начини за побрзо прекинување на увозот на руски течен природен гас. Исто така, планирана е потенцијална средба меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк следната недела.
Стармер исто така посочи дека некои европски земји не направиле доволно за да се ослободат од зависноста од руските извори на енергија.
„Мислам дека тоа е предизвик за Европа“, рече тој. „Постојат голем број европски земји кои се премногу зависни од енергијата од Русија“.
Трамп подоцна им рече на новинарите во „ер форс уан“ дека Велика Британија на Стармер не е виновна кога станува збор за купување нафта додавајќи дека британскиот лидер се согласил оти сојузниците мора да престанат да купуваат нафта од Русија.
Стармер истакна дека тоа не е добро, како што изјави Трамп, додавајќи: „Го ценам тоа што ми го кажа тоа“.
Трамп инсистира дека е посветен на прекинување на конфликтот и постојано изразуваше фрустрација кон Путин, иако тврдеше дека конфликтот веројатно нема директно да ги погоди САД.
„Тој ме изневери. Мислам, тој убива многу луѓе и губи повеќе луѓе отколку, знаете, што убива“.
Стармер рече дека нивните дискусии вклучувале и разгледување на тоа „како може да ја изградат својата одбрана за понатамошна поддршка на Украина и решително да го зголемат притисокот врз Путин да се согласи на мировен договор што ќе трае“.
Вистинското лице на Путин
„Во последните денови Путин го покажа своето вистинско лице,почнувајќи го најголемиот напад од почетокот на инвазијата, со повеќе крвопролевање, повеќе убиени невини и невидено кршење на воздушниот простор на НАТО“, рече Стармер. „Ова не се постапки на некој што сака мир“.
Британскиот премиер рече дека е важно Трамп да интервенира затоа што само под негов притисок Путин „навистина покажа каква било подготвеност да попушти“.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Ги намалуваме царините за Индија, таа престанува да купува руска нафта
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе ги намалат царините за индиската стока, откако Индија се обврзала да престане да купува руска нафта и да го зголеми увозот на енергенси од САД, а можно и од Венецуела.
Во објава на мрежата „Тру соушал“, Трамп соопшти дека по разговор со индискиот премиер, Нарендра Моди, е постигнат трговски договор со кој реципрочната царина за Индија се намалува од 25 на 18 проценти. Според договорот, Индија ќе ги намали своите царини и нецарински бариери за американски производи на нула и ќе инвестира повеќе од 500 милијарди долари во американската енергетика, технологија и други сектори.
Трамп оцени дека запирањето на купувањето руска нафта од страна на Индија би придонело за завршување на војната во Украина.
Сепак, аналитичарите посочуваат дека овој чекор ќе биде тешко изводлив, бидејќи Индија и понатаму увезува околу 1,5 милиони барели руска нафта дневно. Како можна алтернатива се споменува венецуелската нафта, но нејзината инфраструктура е во лоша состојба и би биле потребни години и големи инвестиции за значително зголемување на производството.
Свет
Беспилотно летало со непознато потекло падна врз воена база во Полска
Беспилотно летало со непознато потекло се урна врз воена база во Пжасниш во северно-централна Полска на 28 јануари, објави денес полското радио Зет, повикувајќи се на извори, пишува „Ројтерс“.
Радио Зет, исто така, наведува дека полската воена полиција потврдила дека е започната истрага за инцидентот.
„Ројтерс“ не можеше веднаш да добие коментар од Воената полиција.
Регион
Со фантомка и оружје македонски државјанин ограбил пет кладилници и пошта во Србија, полицијата го уапси
Полицијата во Краљево уапсила 44-годишен маж од Македонија, под сомнение дека ограбил пет кладилници и пошта соопшти денеска локалната полициска управа, пренесе „Н1“.
Во соопштението се наведува дека В.Г. е осомничен дека на територијата на Краљево влегувал во објекти на кладилници и пошти со фантомка на главата и, со закана со пиштол, одзел повеќе од 700.000 динари.
Во станот на осомничениот, полицијата пронашла дел од парите, фантомка и реплика на пиштол која, како што се сомнева, ја користел при извршувањето на кривичните дела.
Тој се товари за пет кривични дела разбојништво, одредено му е задржување до 48 часа и ќе биде приведен во Обвинителството, соопшти Полициската управа во Краљево.

