Контакт

Свет

Трамп во говорот пред Конгресот вети реформи и јакнење на моќта и сојузите

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп рече во вторникот вечерта по локално време дела е отворен за широката реформа на американскиот систем за имиграцијата, ублажувајќи ја значително својата досегашна антиимиграциска реторика во својот прв претседателски говор пред американскиот Конгрес по турбулентниот прв месец мината во Белата куќа, но ги посочи реформите, јакнењето на сојузите и барањето на нови партнери на САД.

dobivaj vesti na viber

 

Во обраќањето до нацијата, длабоко поденеле околу неговиот избор, 45-от американски претседател, Доналд Трамп, нагласи дека сака да се фокусира на решавањето на проблемите, со јакнење на американската економија преку големата даночна реформа, вложувањето на билиони долари во инфраструктурни проекти и реформа на системот за здравствена грижа воведен од неговиот демократски претходник Барак Обама, или ткн Обамакер.

По првиот месец на чело на САД кој го одбележа судирот со дел од јавноста околу неговата привремена забрана за влез на американска територија на државјаните на седум доминантно муслимански земји, Трамп во својот говор повика на надминување на овој хаотичен период којшто кај многумина предизвика сомневања во неговите способности успешно да ја води земјaта.

Повика на национално единство, главно зборувајќи умерено избегнувајќи ги нападите врз политичките противници и медиумите.

Реформата на имиграцијата е можна како компромис меѓу републиканците и демократите

Трамп рече дека широкиот план за имиграциски реформи е можен доколку демократите и републиканците се подготвени да постигнат компромис. Нагласи дека системот би требало да биде втемелен на способностите и на достигнувањата, а не на доаѓањето на неквалификувани имигранти, Рече и дека таа реформа треба да ги зголеми платите на Американците и да им помогне на бројни семејства да влезат во ткн средна класа.

„Верувам дека стварната и позитивна имиграциска реформа е можна доколку се фокусираме на следните цели: подобрување на работните места и платите за Американците, јакнење на националната безбедност и обновување на почитувањето на нашите закони“, рече републиканскиот претседател, кој во текот на предизборната кампања во текот на ланската 2016 година заземаше остар став кон имигрантите, во прв ред дека тие „им ги крадат“ работните места на Американците.

Трамп во текот на првите седмици минати во Белата куќа повторуваше дека ќе го изгради ветениот ѕид на границата со Мексико и ќе ги забрза депортациите на илегалните доселеници, во прв ред на оние кои се судриле со законите. Истовремено покажа, пак, разбирање за децата коишто влегле во САД заедно со родителите, „сонувачите“ кој засега се заштитени од ланските укази кои ги потпиша Обама, а Трамп уште не ги поништи.

За новото поглавје на американската големина

Трам во својот говор ги повика Американците да се обединат зад неговите политики, за да се испише „ново поглавје на американската големина“. Рече дека сака да спроведе голема даночна реформа којашто би го олеснила товарот врз средната класа и истовремени да ги намали корпоративните даноци, но не изнесе никакви поединости за ваквите планови.

Го повика, исто така, Конгресот во кој доминираат републиканците да го реформираат системот за здравствена грижа кој го воведе неговиот претходник а кој претходно го оцени ниту како достапен, ниту како ефикасен, за да им се овозможи на граѓаните да им се зголеми можноста на избор во здравственото осигурување, да се прошири пристапот до него и да се намалат трошоците. Републиканците, инаку, се поделени околу тоа како да се изведе реформата на Обамакер, додека демократите се единствени околу тоа како треба да се задржи системот кој овозможува здравствено осигурување на милион Американци со пониски примања.

Говорот пред Конгресот новиот американски претседател беше многу поконвеционален од неговиот инаугурален говор на 20-ти јануари, во кој ја отслика мрачната слика на состојбата на американската нација, забележуваат агенциите.

Поддршка за НАТО, јакнење на вооружените сили

Дел од својот претседателски говор Трамп посвети на надворешната политика, истакнувајќи ја својата поддршка на традиционалните американски сојузници во НАТО, но инсистирајќи на тоа дека сојузниците мора да трошат повеќе на одбраната.

„Нашата надворешна политика бара директен, силен и осмислен начин на ангажирање во светот. Токму американското лидерство, темелено на клучните безбедносни интереси, е она што го споделуваме со нашите сојузници ширум светот“, рече Трамп.

Особено се обиде да ги убеди сојузниците во НАТО дека новата американска администрација ќе продолжи да ги негува со децении воспоставените сојузи. Сепак, не ја спомена една од главните причини за загриженоста кај дел од европските сојузници, неговото симпатизирање на рускиот претседател Владимир Путин во текот на предизборната кампања.

Како сигнал за можните настојувања да се постигнат подобри односи со Русија, Трамп порача дека „Америка е подготвена да најде нови пријатели, да воспостави нови партнерства, секаде каде што постои заеднички интерес“.

„Сакаме складност и стабилност, а не војни и судири“ истакна Трамп, додавајќи дека сепак планира силно да ја зајакне американската воена моќ.

„Силно го поддржуваме НАТО, сојузот кој е искован низ врските во текот на двете светски војни, со кои се скршени фашизмот и, и Студената војна во кој е победен комунизмот. Но нашите партнери мора да ги исполнат своите финансиски обврски. И сега, по нашите силни и искрени разговори, почнуваат да го прават токму тоа“, рече Трамп.

Потоа додаде импровизирајќи од говорницата „Всушност, можам да ви кажам дека парите само пристигнуваат. Баш убаво“, но не кажа никакви поединости.

И додека во својот говор се обиде да ги примири американските сојузници, Трам, сепак, јасно даде на знаење дека од нив се очекуваат поголеми придонеси.

„Очекуваме од нашите партнери, без разлика дали се во НАТО, на Блискиот исток или на Пацифик, да преземат директна и смислена улога, како стратешка така и во воените операции, и да го платат својот чесен дел од трошоците“, порача американскиот претседател.

Трамп, исто така, рече дека заедно со сојузниците ќе работи на уништувањето на џихадистичката Исламска држава, опишувајќи ја оваа радикална исламистичка групација како „мрежа дивјаци кои не ги почитуваат законите“. Го истакна притоа и „нескршливиот сојуз“ меѓу САД и Израел.

Во потрага по нови пријатели

Трамп изјави дека САД ги заштитувале туѓите граници, оставајќи своите отворени. Тој изложи притоа необична, кога станува збор за американските челници, слика на светот, во која Америка иако претендира на лидерство, но истовремено е отворена и за нови партнерства и целосна соработка со своите сојузници.

„Америка е подготвена за нови пријатели и да воспостави нови партнерства, онаму каде што се совпаѓаат заедничките интереси“, рече Трамп.

Истакна, исто така, дека неговата работа е да ја претставува Америка и дека тој ги уважува правата на другите земји да го изберат сопствениот пат.

„Независните земји, имаа најдобар начин да ги изразат ставовите на луѓето. И Америка го уважува правото на сите земји да си го избираат сопствениот пат. Мојата работа се состои во тоа да ги претставувам САД, но знаеме дека Америка е повеќе самодоволна, коа има помалку а не повеќе конфликти“, рече Трамп.

„Ние мораме да се учиме на грешките од минатото, видовме војни и разорувања, кои беснееја низ целиот свет…  Единственото долгорочно решение за овие хуманитарни катастрофи е да се создадат услови, за раселените лица да можат безбедно да се вратат во своите домови и да го започнат долгиот процес на закрепнување“, порача американскиот челник.

Повик на единство

Трамп го заврши својот говор со повик на единство, што е типично за обраќањата на американските претседатели во Конгресот, но не беше карактеристично за неговите претходни говори.

„Ние сме еден народ, со иста судбина. Во нас тече иста крв, му одаваме почит на исто знаме, и сите нас не создал единствениот Бог. Размислувајќи вака, оваа вечер можеме да ја гледаме како почеток на новото поглавје на американската величина“, заклучи Трамп./крај/мф/сн

Свет

Фицо разговараше со Мерц: Предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен

Објавено пред

Словачкиот премиер Роберт Фицо разговараше по телефон со германскиот канцелар Фридрих Мерц за рускиот гас и антируските санкции и го пофали конструктивниот пристап на Европската комисија (ЕК) кон резервите на Словачка во врска со предложеното суспендирање на увозот на гас од Русија од 2028 година, но истакна дека предлогот за суспендирање на испораката на руски гас е „идеолошки“ и „штетен“.

dobivaj vesti na viber

„Верувам дека предлогот на ЕК за суспендирање на испораката на руски гас е идеолошки и штетен за целата ЕУ, а особено за Словачка, која по децении транзит на руски гас е на крајот од цевката без гас и директен пристап до терминали за течен гас. Овој предлог од ЕК, чие усвојување бара само квалификувано мнозинство, дополнително ќе ја оштети конкурентноста на целата ЕУ и ќе доведе до зголемување на цените на гасот за словачките домаќинства и индустријата“, истакна Фицо.

Фицо додаде дека доколку Словачка нема доволно гаранции за минимизирање и надоместување на штетата предизвикана од предлогот на ЕК за запирање на протокот на руски гас, ќе побара одложување на гласањето за 18-от пакет антируски санкции, за што е потребна согласност од сите земји-членки на ЕУ, пренесува TASR.

Прикажи повеќе...

Регион

Мајка им давала на децата желе бомбони направени од канабис: уапсена 29-годишна жена во Грција

Објавено пред

Полицијата во Ираклион, на грчкиот остров Крит, уапсила 29-годишна жена за која постои сомнение дека им дала на своите деца, на возраст од 14 и 10 години, препарати со канабис во форма на желе бомбони.

dobivaj vesti na viber

По консумирањето, децата се чувствувале лошо и биле префрлени во Универзитетската болница во Ираклион, каде што биле хоспитализирани на детското одделение, објавува грчкиот весник „Катимерини“.

Директорот на болницата, Јоргос Халкиадакис, изјавил дека нивната здравствена состојба е добра.

Жената, која работи во хотел, наводно изјавила дека пронашла желе бомбони во хотелскиот простор и, мислејќи дека се обични слатки, им ги дала на децата.

Предметот на истрагата го води Пододделот за сузбивање и истрага на кривични дела во Ираклион.

Се очекува резултатите од истрагата да фрлат повеќе светлина врз тоа дали мајката ја кажувала вистината, а доколку е така, да откријат како бонбоните стигнале до хотелот и дали имало некакви пропусти во безбедносните процедури.

Прикажи повеќе...

Свет

ЕУ лансира нова платформа за вработување работници надвор од Унијата

Објавено пред

Базата на таленти на Европската Унија (ЕУ), платформа за вработување што ги здружува работодавачите со седиште во ЕУ и граѓаните на земјите што не се членки, влезе во понатамошни преговори со европските законодавци, објави денес истражувачкиот центар во Брисел „Институт Егмонт“.

dobivaj vesti na viber

Платформата, која колоквијално се нарекува Тиндер за баратели на работа, алудирајќи на популарната апликација за запознавање и поврзување на луѓе, се преплетува со неколку други иницијативи на ЕУ, што ја зголемуваат конкурентноста на земјата преку пазарот на трудот, според написите на медиумите во регионот.

Базата на таленти беше претставена како дел од Пакетот за мобилност на вештини и таленти и треба да им помогне на работодавачите да ги пополнат празните работни места, како и да го решат недостатокот на работни места во секторот, и да им помогне на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ да најдат работа на стандардизиран и предвидлив начин во земјите-членки на Унијата.

Работодавачите во ЕУ, тврдат дека имаат тешкотии во наоѓањето кандидати, особено во малите и средните претпријатија, а околу 74 проценти од нив изјавиле дека во моментов се соочуваат со недостаток на квалификувани работници на барем една позиција во нивната компанија.

Земји како Белгија, Италија и Холандија имаат проблем со вработувањето долго време, а тој се дуплираше во последните пет години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија10 часа

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија11 часа

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија13 часа

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија13 часа

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија15 часа

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија15 часа

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија15 часа

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија17 часа

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...

Македонија18 часа

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо. Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се...

Регион19 часа

Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта....

Свет19 часа

(Видео) Маж намерно запалил пожар во Ајдахо, па убил двајца пожарникари: пронајден мртов

Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на...

Европа19 часа

Кремљ: Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од ставот на Киев

„Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата...

Македонија20 часа

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Свет21 час

Трамп: Иранците не знаеја дека доаѓаме

Американскиот претседател Доналд Трамп не верува дека Иран бил во можност да обезбеди или премести дел од својот збогатен ураниум...

Македонија1 ден

Мицкоски ја доби тужбата против Славјанка Петровска за клевета

Граѓанскиот суд во Скопје донел правосилна пресуда во корист на премиерот Христијан Мицкоски, утврдувајќи дека пратеничката од СДСМ и поранешна...

Регион1 ден

Приведени 77 лица по протестите, 48 полицајци повредени, Вучиќ вети дека нема помилување за насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека нема да потпише никакво помилување или аболиција за оние кои учествувале во...

Македонија1 ден

Димитриевски по реизборот: Ќе градиме нови лидери за нова Македонија

На вториот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата од делегатите...

Македонија1 ден

Јаневска: Учебници на 1 септември, повисоки плати, 7 нови училишта и обнова на студентските домови

Во првата година од мандатот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се испорачани значајни резултати – учебници на...

Топ2 дена

Избоден 15-годишник на Бит Пазар, 13-годишниот напаѓач е негов роднина

15-годишно момче било повредено со остар предмет синоќа во регионот на Бит Пазар, а според пријавата, нападот го извршил негов...