Свет
Трамп обвини републикански сенатори за разгорување трета светска војна
Американскиот претседател Доналд Трамп им порача на двајца републикански сенатори во Конгресот, Џон Мекејн и Линдзи Греам, познати со искажувањата на жестоки критики поради неговата помирлива политики кон Москва, да се занимаваат во вистинските закани за САД, наместо постојано обидувајќи се да разгорат трета светска војна.
„Погрешна е заедничката изјава на поранешните претседателски кандидати Џон Меккејн и Линдзи Греам, кои се очајно незадоволни, во врска со имиграцијата. Двајцата сенатори треба да ја фокусираат својата енергија на (борбата со) Исламската држава и безбедноста на границите, наместо постојаните обид да започнат трета светска војна“, напиша Трамп на Twitter.
Во петокот Трамп го потпиша указот „За заштита на земјата од влез на странски терористи“, со кој во рок од 90 дена се суспендира издавање визи за државјаните на седум муслимански држави, Иран, Ирак, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан. Указот, исто така, го суспендира приемот на бегалци на 120 дена и на неодреден рок се суспендира прифаќањето бегалци од Сирија.
Сенаторите Греам и Меккејн, објавија писмена изјава во којашто го критикуваа претседателскиот указ како неоснован. Според нив, декретот на Трамп претставува „рана што си ја нанесуваме самите“.
„Овој извршен указ испраќа сигнал, намерно или не, дека Америка не сака муслиманите да доаѓаат во нашата земја. Токму поради тоа ние стравуваме дека указот може дополнително да придонесе за врбување терористи, а не да ја подобри нашата безбедност“, се наведува во писмената изјава на двајцата сенатори, сопартијци на претседателот.
Меккејн беше претседателски кандидат на Републиканската партија во 2008 година, кога беше поразен од демократот Барак Обама. Греам, пак, се обиде да се кандидира на претседателските избори во 2016 година, но беше елиминиран во раната фаза од републиканските предизбори./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Се урна американски Ф-16
Американски борбен авион F-16C Fighting Falcon на воздухопловни сили „Thunderbirds“ се урна во оддалечена пустинска област јужно од аеродромот Трона, на работ на Националниот парк „Death Valley“.
Пилотот претрпел полесни повреди. Снимките објавени на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога авионот се урнал и пилотот се катапултирал.
An F-16C fighter jet belonging to the US Air Force Thunderbirds crashed near Trona Airport in California.
Follow: https://t.co/7Dg3b41hTx pic.twitter.com/bKrgKNOTa0
— PressTV Extra (@PresstvExtra) December 3, 2025
Во објава на Икс, официјалниот профил на американските воздухопловни сили „Thunderbirds“ го потврди инцидентот:
— Thunderbirds (@AFThunderbirds) December 3, 2025
„На 3 декември 2025 година, околу 10:45 часот наутро, пилот на Thunderbird безбедно се катапултираше од авионот F-16C Fighting Falcon за време на обука во контролиран воздушен простор во Калифорнија. Пилотот е во стабилна состојба и добива постојана медицинска нега. Инцидентот е под истрага, а дополнителни информации ќе бидат објавени од Канцеларијата за односи со јавноста на 57-то крило“, рекоа тие.
Свет
Нови израелски напади врз Газа: погодени шатори за бегалци, повеќе мртви
Петмина Палестинци вчера беа убиени, а неколку други беа повредени кога израелските авиони гаѓаа шатори и импровизирани засолништа за раселени лица западно од Кан Јунис во Газа, според медицинскиот персонал во болницата во Полски Кувајт. Нападите го погодија крајбрежното подрачје на Ал-Маваси.
Спасувачите изјавија за Би-би-си дека ги пронашле телата во кампот Ал-Наџат, група шатори во кои се сместени стотици раселени лица во последните месеци.
Сведоци рекоа дека првиот напад погодил шатор во зоната за раселување Ал-Маваси, по што следеле експлозии во близина на болницата, предизвикувајќи паника кај семејствата што престојуваат таму.
Израелската војска соопшти дека „гаѓала терорист на Хамас во јужниот дел на Појасот Газа“. Додаде дека нападите дошле откако петмина израелски војници биле ранети во областа Рафа во Газа.
„Терористичката организација Хамас изврши флагрантно кршење на договорот за прекин на огнот, за време на кој терористите ги нападнаа силите на ИДФ распоредени во областа Рафа“, се вели во соопштението на израелската војска. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека ќе „одговори соодветно“ на нападот.
Свет
Мадуро потврди дека разговарал со Трамп
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро во средата потврди дека пред околу 10 дена имал „срдечен и полн со почитување“ телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп. Мадуро, исто така, во телевизиско обраќање рече дека се преземаат чекори кон дијалог меѓу двете земји.
„Пред околу 10 дена, Белата куќа се јави во палатата Мирафлорес и јас разговарав по телефон со претседателот Доналд Трамп. Ако овој повик значи дека преземаме чекори кон дијалог со почит, од држава до држава, од земја до земја, тогаш добредојдовте во дијалогот, добредојдовте во дипломатијата, бидејќи секогаш ќе бараме мир“, додаде тој.
Претседателот Трамп го потврди разговорот во неделата. „Не би рекол дека поминал добро или лошо. Беше телефонски повик“, рече американскиот претседател на бродот „Ер Форс Уан“.
Разговорот доаѓа во време кога САД го засилија притисокот врз Венецуела со големо воено распоредување на Карибите, воздушни напади врз бродови за кои се сомнева дека шверцуваат дрога на море, предупредувања за воздушни патувања и повторени разговори за напади на венецуелска територија.
Трамп ја обвинува Венецуела дека води операција за трговија со дрога што го преплавува американскиот пазар, обвинение што Каракас го негира, велејќи дека вистинската цел на Вашингтон е промена на режимот и контрола на нафтените резерви на Венецуела.

