Контакт

Свет

Трамп сака да го укине правото на американско државјанство стекнато со раѓање

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп, сака да го укине правото на државјанство на бебињата родени во САД, чии родители не се американски државјани или илегално влегле во земјата.

„Ние сме единствената земја на светот каде што некои луѓе доаѓаат, раѓаат бебе и тоа бебе е државјанин на САД“, изјави Трамп за порталот „Аксиос“.

Претседателот на САД додаде дека адвокатите од Белата куќа го разгледуваат неговиот предлог.

Новинската агенција АП оценува дека укинувањето на ова право би можело да предизвика судска битка за тоа дали претседателот има еднострана моќ да менува амандман на уставот во земјата.

Четиринаесеттиот амандман им го гарантира тоа право на децата родени во САД.

Регион

Аеродромот во Сплит затворен поради дрон

Објавено пред

Аеродромот во Сплит бил затворен половина час поради дрон, па два авиона биле пренасочени кон Задар, а другите кружеле над Сплит, објави „Слободна Далмација”

Дронот кој го попречил воздушниот сообраќај довел до затворање на аеродромот во периодот помеѓу 12:42 и 13:16 часот.

Според неофицијални сознанија на весникот, два авиона биле пренасочени на аеродромот во Задар, додека другите авиони кружеле над Сплит додека не добиле дозвола за слетување.

Сплитската полиција потврди дека воздушниот сообраќај бил запрен половина час, а полицијата сè уште е на терен во реонот околу аеродромот во потрага по сопственикот на дронот.

Прикажи повеќе...

Регион

Грабар-Китаровиќ: Изјавата за мигрантите е извадена од контекст

Објавено пред

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ остро го отфрли обидот за, како што вели, погрешно толкување и вадење од контекст на изјавата во врска со заштитата на хрватските граници од илегални миграции.

„Сакам да истакнам дека хрватската полиција во спроведувањето на активностите за надзор на државната граница, со тоа и границите на ЕУ, во спречувањето на нелегалната миграција, постапува законски, професионално и хумано, а средствата за присила кон прекршителите на законот ги применува во најмала можна мера која е неопходна за заштита на безбедноста на полициските службеници и за извршување на нивните задачи“, рекле од канцеларијата на хрватската претседателка за „Индекс.хр“.

„Ова се факти кои ниту една игра на зборови, погрешни преводи или извадени од контекст делови од изјави не можат и нема да ги променат“, се вели во одговорот од канцеларијата.

Претходно медиумите објавија дека Грабар-Китаровиќ рекла дека хрватската полиција насилно ги враќа мигрантите од границата и дека потребно е малку насилство при спроведувањето потиснување.

Прикажи повеќе...

Европа

Западна Грција ја погодија поплави

Објавено пред

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во силната бура што го зафати северот од земјата.

Таквите сериозни бури се необични во Грција, каде што летата обично се топли и суви.

Поплавите што ги зафатија патиштата оштетени од бурата во близина на градовите Нафпактос и Патра неколку часа затворија голема траса иако засега не се пријавени повредени или исчезнати лица.

„Многу домови и продавници се преплавени во близина на градот Нафпактос… има штета врз некои домови, продавници и автомобили“, изјави претставник на противпожарната служба за „Ројтерс“.

Седум лица, меѓу кои и шестмина туристи, загинаа, а повеќе од 100 други беа повредени во четвртокот кога бура во текот на ноќта ја погоди северна Грција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа3 часа

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Македонија3 часа

(Видео) Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Македонија4 часа

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Спорт4 часа

Надал во финалето навивал за Ѓоковиќ

Рафаел Надал навивал за Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер во финалето на Вимблдон, им открил на шпанските медиуми Тони Надал....

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија5 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија7 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет8 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет8 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион9 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет9 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија10 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа10 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија18 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија19 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија20 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија21 час

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион23 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија1 ден

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Досие