Свет
Турски аналитичар: Трамп прерано брзаше со иницијативите за Украина

Турскиот политички аналитичар Фатих Јончалик оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп брзал во своите напори за решавање на украинскиот конфликт, пренесува „РИА новости“.
Јончалик истакна дека главниот проблем е што Киев и западните сили немаат вистинска волја да бараат мир поради што процесот остана без резултати.
„Можеби грешката на Доналд Трамп беше што брзаше да воспостави мир. Ова го покажуваат резултатите од состанокот меѓу лидерите на САД и Русија на Алјаска. Поточно, недостигот на резултати. Сè уште не се постигнати конкретни договори со Алјаска“, рече аналитичарот.
Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, се одржа на 15 август на Алјаска. Самитот во формат три на три траеше 2 часа и 45 минути, но без конкретни договори, пренесува медиумот.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Земјите од Блискиот Исток ми понудија да го средат Хамас, реков – не уште

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека неколку блискоисточни земји и држави од поширокиот регион му понудиле да испратат војска во Појасот Газа за, како што рече, да го средат Хамас, доколку организацијата го прекрши договорот постигнат со американската администрација.
„Многу од нашите сојузници на Блискиот Исток со ентузијазам ми порачаа дека би влегле во Газа со силни трупи и би го средиле Хамас ако продолжи да делува лошо. Јас им реков: ‘Не уште!’“, напиша Трамп на платформата „Тру соушал“.
Тој додаде дека сè уште постои надеж Хамас да го исполни договорот, но предупреди дека ако не, крајот на Хамас ќе биде брз, жесток и брутален.
Во објавата Трамп посебно ја спомена Индонезија и нејзиниот одличен лидер за поддршката кон Блискиот Исток и САД.
Изјавата доаѓа во време на кревко примирје во Газа, постигнато со посредство на Египет и Катар, додека Вашингтон преговара со регионалните партнери за стабилизирање на состојбата и можно политичко решение на конфликтот.
Свет
Макрон: Итно да се отворат хуманитарни рути кон Газа

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави во Љубљана дека примирјето во Газа е многу кревко и повика на итно повторно отворање на граничните премини за влез на хуманитарна помош.
„Ова е апсолутно итна состојба. Треба веднаш да се воспостават хуманитарни мостови и рути за да стигнат храна и медицинска помош до населението“, рече Макрон, додавајќи дека е неопходно Советот за безбедност на ОН да усвои резолуција за меѓународна рамка за управување и безбедност во иднина во Газа.
Девет земји од Европската унија, кои граничат со Средоземното Море, побараа од израелската влада да ги отвори премините, вклучувајќи го и „Рафах“, за непречено доставување на хуманитарна помош.
Свет
Криза во Вилнус: спорот околу воениот буџет ја подели литванската влада

Литванската министерка за одбрана Довиле Шакалиенe ја објави својата намера да поднесе оставка по сериозното несогласување со премиерката Инга Ругињена околу планираниот воен буџет за 2026 година.
„Секако ќе разговарам со претседателот и ќе му ги презентирам моите аргументи“, изјави Шакалиена за националната телевизиска станица ЛРТ. Министерката призна дека нејзиниот тим не го дели целосно ставот на премиерката и дека „операциите не можат да продолжат во услови на недостаток на доверба“.
Според неа, таа формално нема да поднесе оставка додека не се консултира со шефот на државата, но не гледа причина што би можела да ја промени нејзината одлука да ја напушти функцијата.
Конфликтот на врвот на литванската влада избувна откако Министерството за одбрана објави дека буџетот за одбрана во 2026 година ќе изнесува 4,87 проценти од БДП. Премиерката Ругињена потоа најави зголемување на средствата на 5,38 проценти од БДП, со остри критики за работата на воениот оддел под водство на Шакалиена.
Според аналитичарите во Вилнус, овој конфликт ги одразува подлабоките несогласувања во рамките на владејачката коалиција во врска со приоритетите на финансирање на одбранбениот сектор во услови на зголемување на воените трошоци во балтичкиот регион.
Фото: принтскрин