Свет
Турција го затвори воздушниот простор за руските авиони кои летаат за Сирија
Турција го затвори својот воздушен простор за руските воени и цивилни авиони кои летаат за Сирија, изјави министерот за надворешни работи Мевлут Чуавушоглу.
Тримесечната дозвола за користење на турскиот воздушен простор истече во април, рече Чавушоглу.
Според него, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го информирал Владимир Путин за тоа, по што „летовите престанале“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.
Свет
Кина остро го осуди убиството на Хамнеи, повика на прекин на воените дејствија
Кина соопшти дека „остро го осудува“ убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи од страна на САД и Израел и повторно повика на прекин на воените дејствија, пренесува „Гардијан“.
Министерството за надворешни работи во Пекинг наведе дека станува збор за „тешко кршење на суверенитетот и безбедноста на Иран, како и на целите и принципите на Повелбата на ОН и основните норми на меѓународните односи“.
„Кина решително се спротивставува и остро го осудува тоа“, се додава во соопштението, со повик за „итен прекин на воените операции“.
Осудата следеше по телефонски разговор меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и рускиот министер Сергеј Лавров, за кој кинеските државни медиуми јавија дека бил инициран од руската страна. Ванг изјавил дека „дрското убиство на суверен лидер и поттикнувањето на промена на режим“ од страна на САД и Израел е „неприфатливо“.
Фото: depositphotos
Свет
Франција со резерва околу легитимноста на нападот врз Иран, но задоволна од исходот: „Хамнеи беше крвав диктатор“
Француската влада објави дека има резерви во врска со легалноста на воените операции на Израел и САД против Иран, но дека е задоволна од смртта на крвавиот диктатор, Али Хамнеи.
„Уште еднаш, очигледно, тоа не беше во согласност со меѓународното право. Она што е важно сега е што ќе се случи следниот ден“, изјави портпаролката на француската влада Мод Брежон, пренесе „Индекс“.
Сепак, таа истакна дека Франција може да биде задоволна со смртта на врховниот лидер на Иран затоа што тој бил крвав диктатор.
„Хамнеи беше крвав диктатор кој го угнетуваше својот народ, ги понижуваше жените, младите, малцинствата и неодамна беше одговорен за смртта на илјадници цивили во неговата земја и во регионот. Затоа, можеме да бидеме задоволни само со неговото исчезнување“, рече таа за Гранд.
Британскиот министер за одбрана Џон Хили во неделата одби експлицитно да ги поддржи нападите на САД и Израел врз Иран, велејќи дека на САД е да ја презентираат правната основа за преземените дејствија.
Фото: ЕПА

