Свет
Турција ја потврди ефикасноста на кинеската вакцина од 91,25 процент

Вакцината против Kовид-19, што ја разви кинески „Синовак биотек“, „коронавак“, е ефикасна 91,25 процент, а стапката, најверојатно, ќе се зголеми врз основа на податоците од студијата во доцната фаза, соопштија турските научници.
Турција со тоа стана втора земја што даде резултати за кинескиот кандидат, пренесува „Ројтерс“.
Истражувачите, дел од владиниот научен совет, рекоа дека не биле откриени поголеми симптоми за време на студијата за „коронавак“ во Турција, освен за една личност што имала алергиска реакција.
Турција има договор за набавка на 50 милиони дози „коронавак“ од „Синовак“ до 11 декември, но испораката е одложена.
Министерот за здравство, Фахретин Коча, рече дека вакцините ќе пристигнат во Турција в понеделник додавајќи дека Турција ќе вакцинира околу девет милиони луѓе во првата група, почнувајќи од здравствените работници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Меркел и Бајден: Заедно против пандемијата

Новиот претседател на САД, Џо Бајден и германската канцеларка, Ангела Меркел, остварија телефонски разговор пришто заклучија дека само заеднички може да се победи пандемијата.
Истовремено, за време на разговорот, Меркел ја истакнала волјата на Германија да преземе одговорност за меѓународните предизвици заедно со европските и трансатлантските партнери, пренесе Ројтерс.
Соединетите држави се први во светот според бројот на жртви на коронавирус, со повеќе од 400.000 смртни случаи.
Свет
Пирати киднапираa 15 морнари од турски брод, еден убиен

Во насилeн напад во близина на брегот на Нигерија пирати киднапирале 15 морнари од турскиот брод „Моцарт“, а еден член на екипажот бил убиен. Според официјалните владини податоци, врз основа на списокот на членови на екипажот доставен до „Ројтерс“, мртвиот човек е од Азербејџан, а морнари од Турција биле киднапирани.
Бродот со знаме на Либерија пловел од Лагос до Кејптаун кога бил нападнат во Гвинејскиот Залив во југозападна Африка. Екипажот, членовите на нивните семејства и разузнавачки извори го опишуваат нападот како внимателно испланиран и добро организиран, во кој вооружени пирати се качиле на бродот и, најверојатно, употребиле експлозив. По нападот, капетанот продолжил да управува со бродот слепо бидејќи сите команди биле оштетени и работел само радарот, како што објави турската новинска агенција „Анадолија“. Тој и уште неколкумина морнари биле претепани од пиратите, а повеќе членови на екипажот, кои останале на бродот, завршиле со повреди, според капетанот.
Турските медиуми се повикаа на објавата на компанијата „Боден“, со седиште во Истанбул, која е сопственик на бродот, а во која се наведува дека сопствениците и операторите на бродот биле киднапирани со употреба на оружје. Компанијата не беше достапна за коментар, според Си-ен-ен.
Кабинетот на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера објави дека е организирана акција за спасување на киднапираните морнари. Турското Министерство за надворешни работи објави дека пиратите не се обиделе да стапат во контакт со Анкара.
Пиратите во Гвинејскиот Залив киднапираа 130 морнари во 22 инцидента минатата година, а последниот што се случи на „Моцарт“ може да доведе до меѓународен притисок врз Нигерија за зголемување на безбедноста на бродовите во нејзините води, како што беше побарано во последните неколку недели.
Регион
Подгорица: татко ја продал ќерка си за 20 илјади евра

44-годишен жител на Подгорица е уапсен под сомнение дека сторил кривично дело трговија со луѓе на штета на својата малолетна ќерка, соопшти црногорската полиција.
Полицијата се сомнева дека тој петнаесетгодишната ќерка ја продал за 20.000 евра за да склучи недозволен брак. Во септември 2020 година осомничениот се согласил со семејство од Германија да склучи нелегален брак помеѓу неговата малолетна ќерка и нивниот син. Ја предал својата ќерка на братучедот кому му дал полномоштво за да ја пренесе во Германија.
По тоа, таа му е предадена на семејството со цел склучување нелегален брак за кој претходно биле договорени 20.000 евра, се наведува во соопштението.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот