Контакт

Свет

Туск: Се молам да победи Бајден, зошто многу добро го познавам Трамп

Објавено пред

Поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека би сакал следниот претседател на САД да биде Џо Бајден.

Тој вели дека една од причините поради кои  ќе ги поддржи демократите на ноемвриските избори е актуелниот претседател Доналд Трамп.

Тој на својот Твитер напиша дека секогаш верувал во републиканските идеали и величината на Америка, а дека сега се моли за успех на Џо Бајден и дека Роналд Реган е неговиот херој.

„Уште една причина зошто ги поддржувам демократите е тоа што го запознав Трамп многу добро“, напиша Трамп.

Туск, кој минатата година стана претседател на Европската народна партија, има историја на неесогласувања со Трамп, а позната е и неговата изјава од минатиот септември во ОН, кога тој рече, алудирајќи на американскиот претседател, дека „не е доволно да се обвинат другите дека промовираат лажни зборови, туку едноставно би било доволно да престанете да лажете“, пренесе бриселски „Политико“.

По неколку недели, на самитот на НАТО во Лондон, Туск објави фотографија како држи два прста кон грбот на Трамп, со опис: „И покрај сезонските турбуленции, нашето прекуокеанско пријателство мора да трае“.

Свет

(Видео) Дванаесет од 22 рудари заглавени од експлозија во рудник за злато во Кина испратија порака дека се живи

Објавено пред

Кинеските државни медиуми објавија дека 12 од 22 работници по експлозијата останале заглавени во рудник за злато една недела, но дека се живи, како и дека стотици спасувачи се обидувале да ги извлечат на сигурно.

Судбината на преостанатите десет работници е непозната, се додава во извештајот на агенцијата „Синхуа“.

Во пишаниот извештај се наведува дека четворица работници биле повредени и дека состојбата со другите се влошува поради недостаток на свеж воздух и вода, додава АП.

Претходните водачи на акцијата за спасување се приведени затоа што не дале извештај за состојбата во рудникот по 24 часа.

Станува збор за рудникот од областа Кикси, кој припаѓа на градот Јантаи во провинцијата Шангдонг и кој бил во фаза на реконструкција во времето кога се случила експлозијата пред една недела.

Повеќе од 300 работници се обидуваат да ги отстранат пречките додека дупчат нови отвори во камените sидови за да стигнат до областа каде што се наоѓаат работниците.

Прикажи повеќе...

Свет

Петмина работници во погони во Австралија украле 250 тони лосос вреден милиони долари

Објавено пред

Две жени и тројца мажи се обвинети за кражба на околу 250 тони лосос во вредност од над четири милиони австралиски долари (околу три милиони американски долари) од фабрика за преработка во Сиднеј, соопшти полицијата од Нов Јужен Велс.

Полицијата започнала истрага во декември минатата година, откако извршен директор на компанија за одгледување и преработка на лосос открил дека дневно исчезнуваат околу 600 килограми лосос од неговата фабрика за преработка во Инглбурн, град југозападно од Сиднеј.

Истрагата резултирала со апсење на две работнички и тројца работници во фабриката. Сите тие веднаш добиле откази.

Полицијата извести дека петмината вработени во фабриката ги користеле своите позиции за лажно да оценуваат врвни производи од лосос како отпаден материјал, што потоа го ваделе од фабриката во свој „аранжман“ и го продавале или разменувале за други производи.

Полицијата објави дека наведените работници, членови на синдикатот, наводно украле над 250 тони лосос во периодот меѓу јуни и декември 2020 година.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија протера двајца вработени во Холандската амбасада

Објавено пред

Руското Министерство за надворешни работи објави денеска дека протерало двајца вработени во Холандската амбасада во Москва, пренесува РТ.

„ Му кажавме на претставникот на Холандската амбасада дека руската страна донесе одлука, водејќи се од принципот на реципроцитет, да протера од Руската Федерација двајца дипломатски службеници на Холандската амбасада во Москва. Тие ќе бидат обврзани да ја напуштат руската територија во рок од две недели“ се вели во соопштението на руското министерство.

Привремениот холандски амфасадор Јост Рајнтјес беше повикан во руското Министерство за надворешни работи во понеделникот. Министерството го изрази својот решителен протест против неоснованото протерување на двајца руски дипломати од Холандија во декември.

Во декември 2020 година, Руската амбасада во Хаг вети дека ќе возврати откако Министерството за надворешни работи на Холандија прогласи за персона нон грата двајца вработени во руската дипломатска мисија за наводни активности некомпатибилни со нивниот дипломатски статус.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Мицкоски побара поддршка од Орбан и Сијарто за деблокирање на Македонија на патот кон ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и потпретседателот Александар Николоски, денеска во Будимпешта имаа работна средба со премиерот на Унгарија, Виктор...

Свет2 часа

Пристапот „прво јас“ нè турка кон катастрофален пад во дистрибуцијата на вакцините, вели директорот на СЗО

Светот е на работ на катастрофален морален пад во дистрибуцијата на вакцини против Ковид-19, изјави денеска генералниот директор на Светската...

Македонија2 часа

Бектеши смета дека кафулињата треба да работат до 23 часот

Министерот за економија, Крешник Бектеши, смета дека работното време на угостителските објекти ќе биде продолжено до 23 часот. „Продолжување на...

Топ3 часа

Детали за инцидентот во врска со прилепчанецот убиен на лов

Во полициската станица во Прилеп во претпладневните часови на 17 јануари било пријавено дека во атарот на прилепското село Витолиште...

Македонија4 часа

Заев: Од Србија ќе добиеме 8.000 вакцини на „Фајзер“

Србија ќе ни отстапи 8.000 вакцини од „Фајзер“, a потоа можеби и ковид-вакцини од другите производители. Премиерот Зоран Заев соопшти...

Македонија4 часа

Институтот за трансфузиологија апелира: Донирајте крвна плазма, помогнете им на оние што се борат со Ковид-19

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени 802 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени од Ковид-19...

Европа5 часа

Во Германија откриена досега непозната мутација на коронавирусот

Според германските медиуми, на клиниката „Гармиш-Партенкирхен“ е пронајден нов, досега непознат вид коронавирус. Во болницата во Гармиш-Партенкирхен 73 пациенти и...

Свет5 часа

Захарова им порача на критичарите на апсењето на Навални да се занимаваат со своите проблеми

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, се јави по повод пораките од политичарите за итно ослободување на...

Регион5 часа

Во Хрватска вакцинирани речиси 46.000 лица, кај 80 забележани лесни несакани ефекти

До овој викенд вакцинирани се речиси 46.000 граѓани во Хрватска, а 80 од нив имаат претежно лесни несакани ефекти, изјави...

Свет6 часа

Портпаролката на Навални: Не знаеме што се случува со него и каде го одведоа

Заводот за извршување кривични санкции во Русија објави дека опозиционерот Алексеј Навални, кој беше уапсен синоќа на враќање од Германија...

Свет7 часа

Австралија годинава нема да ги отвори границите, дури и ако мнозинството граѓани се вакцинираат

Австралија можно е да не ги отвори целосно своите меѓународни граници годинава, дури и ако мнозинството од населението е вакцинирано...

Свет7 часа

Уапсен функционер од Ново Мексико за нападот врз Капитол

Министерството за правда на САД објави дека е уапсен функционер од Ново Мексико во врска со нападот на Капитол на...

Свет17 часа

Претседателот на Европскиот совет повика на итно ослободување на Навални

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, повика на итно ослободување на рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, откако беше приведен по...

Топ18 часа

25-годишен прилепчанец загина за време на лов

Дваесет и петгодишен прилепчанец бил застрелан во атарот на мариовското селото Витолиште, додека со пријателите бил на лов на диви...

Свет18 часа

(Видео) Снег во Сахара

Додека јануари носи снег во многу краеви на светот, во Сахара или на Блискиот исток тоа не е толку вообичаено....

Свет19 часа

(Видео) Навални приведен по слетувањето во Москва

Рускиот опозициски политичар, Алексеј Навални, слета на аеродромот Шереметјево во Москва, по што беше приведен. Неговиот авион беше пренасочен од...

Регион20 часа

Рама не отстапува од она што го кажа за вакцините, и покрај тоа што Франција го нарече анти-ЕУ

Не нападнав пријател, туку говорев за конкретната ситуација со вакцините и не остапувам ниту запирка од она што го кажав....

Македонија23 часа

Нови 190 случаи на коронавирус, оздравени се 2.009 пациенти, а починаа 6 лицa

Во последните 24 часа се направени 1.530 тестирања, а регистрирани се 190 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-71, Куманово-19, Тетово-6,...

Македонија24 часа

Мицкоски со Орбан и Јанша ќе разговара за бугарското вето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски, во наредните неколку дена ќе остварат дипломатски посети и средби со...

Македонија1 ден

Полицијата растури две домашни забави во Скопје, приведени се 13 лица

Приведени се 13 лица на две домашни забави во Скопје, бидејќи не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19. Од...

Досие