Контакт

Вести

Уапсена сопругата на напаѓачот кој во клубот во Орландо уби 49 луѓе

Објавено пред

Американските власти ја уапсиле сопругата на напаѓачот кој минатата година во ноќен геј клуб во Орландо уби 49 луѓе, што ги засили стравувањата во САД од напади на ткн „волци самотници“, соопшти државниот обвинител во понеделникот.

Ова злосторството извршено во името на џихадистичката организација е според бројот на жртвите едно од најголемите од овој тип во историјата на САД.

Сопругата на Омар Матин, доселеник од Авганистан кого полицијата го уби по масакрот во клубот „Pulse“ во Орландо на Флорида, ноќта на 12-ти јуни 2016 година, уапсена е во нејзиниот дом на периферијата на Сан Франциско, пишува дневниот весник The New York Times, повикувајќи се на неименуван полициски извор,

Нур Салман ќе биде обвинета за попречување на правосудството, помагање и давање материјална поддршка на странска терористичка организација, известува телевизиската мрежа ABC News, повикувајќи се на Федералното биро за истраги (FBI) и нивниот обвинител.

Салман, којашто иследниците повеќепати ја сослушуваа во текот на истрагата, треба во вторник да биде изведена пред суд, а потоа ќе биде предадена во Тампа каде што ќе биде обвинета, дознава телевизијата./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 минути

Трамп: Војната со Иран е многу блиску до крај

Доналд Трамп рече дека војната со Иран е „многу блиску до крај“, повторувајќи слични тврдења што ги даде во последните...

Македонија11 минути

Дел од корисниците од село Кучково денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 16.00 часот,...

Свет13 минути

Блокадата целосно ја запре поморската трговија со Иран, тврди Централната команда на САД

Американската војска вели дека поморската блокада, која беше воведена претходно оваа недела, „целосно ја запре економската трговија“ со Иран. Блокадата...

Свет23 минути

Либан: Разговорите со Израел се конструктивни, но прекин на огнот е неопходен

Либанската амбасадорка во САД, Нада Хамадех Моавад, ја нагласи итната потреба од прекин на конфликтот меѓу Израел и Хезболах. Нејзината...

Свет31 минута

Венс: САД сакаат голем договор со Иран, ќе продолжат да преговараат

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека САД ќе продолжат да преговараат со Иран и изрази оптимизам за напредокот...

Македонија35 минути

Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80мм на улицата Ѓорѓи Абаџиев 17, прекинато...

Македонија40 минути

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен...

Спорт6 часа

Симеоне и Флик се горди на своите фудбалери

Атлетико Мадрид, по девет сезони повторно ќе игра полуфинале во Лигата на шампионите. На „Метрополитано“ во Мадрид, Барселона го победи...

Спорт6 часа

Слот не знае што прави – Гомез влезе во 45-та, го напушти теренот во 67-та минута

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, направи малку бизарен потег во четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен....