Европа
Убиен уште еден командант на Путин? Украинците објавиле негова слика, па порачале-нема да се врати дома

Украинските власти тврдат дека нивните сили го убиле заменик-командантот на руската Црноморска флота, со што им задале нов удар на силите на Владимир Путин.
Капетанот од прв ранг Андреј Палиј (51) е единствениот висок поморски офицер кој наводно бил убиен во војната во Украина.
Киев тврди дека убиле пет воени генерали.
Во објавата на Твитер била напишана шокантна порака: „Заменик-командантот на руската црноморска флота Андреј Палиј не се враќа дома од Украина“.
Украинците тврдат дека генерал-мајор Олег Митјаев (47), командант на 150-та моторизирана дивизија на армијата, бил убиен во борбите околу опколениот град Мариупол, генерал-мајор Виталиј Герасимов (45) бил убиен на 7 март во близина на источниот град Харков а во борбите на 11 март загинал полковникот Андреј Колесников, командант на гардиската тенковска дивизија Кантемиров.
Веста за смртта на поморскиот офицер се појави откако Русија втор ден по ред истрела хиперсоничен проектил на украинска територија, а во моментот кога опколениот Мариупол беше под силен оган.
Руското Министерство за одбрана не ги коментираше информациите за загинатите офицери, но наведе дека нивните проектили го погодиле објектот за обука на странски борци, при што загинале повеќе од 100 припадници на специјалните сили и платеници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во Финска регистриран прв случај на мајмунска сипаница

Финска, најверојатно, го регистрирала првиот случај на мајмунска сипаница, соопшти денеска болницата во Хелсинки.
Светската здравствена организација во вторникот соопшти дека 131 инфекција со вирусот на мајмунска сипаница и 106 други сомнителни пациенти се потврдени по првиот откриен случај надвор од земјите, каде што инфекцијата традиционално се шири од 7 мај, пред сè, во Западна и Централна Африка, објави „Ројтерс“.
Потврдени се 131 инфекција со вирусот на мајмунска сипаница и 106 други сомнителни пациенти.
Европа
Молдавија: Статусот кандидат за ЕУ не треба да ѝ се дава само на Украина

Молдавија има историска можност да ѝ се приклучи на Европската Унија и сите проекти што ја приближуваат земјата до ЕУ не смее да го заменат патот кон полноправно членство, изјави денеска премиерката Наталија Гаврилита, додавајќи дека кандидатскиот статус не треба да ѝ се доделува само на Украина.
„Ројтерс“ наведува дека оваа земја ги забрзала напорите за влез во ЕУ поради страв дека може да биде вовлечена во конфликтот во Украина.
Премиерката на Молдавија изјави дека владата на таа земја цврсто верува дека членството во ЕУ е нешто што носи мир, стабилност и напредок, како и дека сакаат да бидат дел од слободниот свет и европското семејство.
Европа
Патрушев: Русија нема рокови, воената операција ќе заврши кога ќе се постигне целта, нацизмот мора да се искорени

Официјален Кремљ во интервју во вторникот наутро зборуваше за војната во Украина, наведувајќи дека Русија нема рокови и дека ќе ја заврши својата воена кампања кога ќе се постигне целта за денацификација.
Ние не бркаме рокови. Нацизмот или мора да се искорени 100 отсто или ќе крене глава за неколку години и тоа во уште погрда форма – изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев, додавајќи дека задачите на специјалната воена операција во Украина ќе бидат исполнети, пренесе „Њузвик“.
Тој во интервју за весникот „Аргументи“ (АиФ) го спореди неодамнешниот масакр во Бафало во Њујорк, што го изврши бел врховист, со украинскиот баталјон Азов.
– Западњаците веројатно нема да ги симнат розовите очила додека украинските насилници не почнат да беснеат по нивните улици. И не само во Европа, сетете се на неодамнешните пукотници во Бафало. Би сакал да ги прашам Американците која е разликата помеѓу неонацист кој пука во луѓе во супермаркет и милитант од Азов – рече Патрушев.
Тој зборуваше и за Финска и Шведска, кои неодамна официјално го најавија влезот во НАТО. Тој ја нарече алијансата „не одбранбен, туку чисто агресивен офанзивен воен блок“ и рече дека членството во него значи дека земјата мора да отстапи одредена моќ на САД.
– Доколку воената инфраструктура на алијансата се прошири на територијата на Финска и Шведска, Русија ќе го сфати тоа како директна закана за нејзината безбедност и ќе биде обврзана да одговори – предупреди Патрушев, пренесе „Њузвик“.
Тој посочи дека ќе бидат остварени сите поставени цели од претседателот на Русија, пренесува Интерфакс. Патрушев додаде дека не може да биде поинаку, бидејќи, според него, вистината, вклучително и историската, е на страната на Русија.
– Судбината на Украина ќе ја одредат луѓето кои живеат на нејзината територија – рече Патрушев, пренесуваат медиумите.