Свет
Убиецот на седум луѓе во Калифорнија легално поседувал оружје: претходно бил обвинет за насилство на колеги

Осомничениот за убиството на седум лица во Калифорнија легално поседувал полуавтоматско оружје, соопшти полицијата.
Полицијата го идентификува осомничениот како 66-годишниот Чунли Џо, кој не им бил познат на локалните власти до ова злосторство.
Кога полицијата пристигнала во блиската фарма за печурки, пронашла четири тела, а потоа во близина нашла уште три. Локалниот шериф го опиша злосторството како „инцидент на насилство на работното место“ нагласувајќи дека тој имал цел одредени луѓе.
Единствената врска меѓу жртвите и осомничениот е дека тие биле или сегашни или поранешни колеги.
В среда попладне се очекува осомничениот да се појави пред судот.
Бидејќи истрагата за злосторството сè уште е во тек, властите не успеале да утврдат кој би можел да бил мотивот на напаѓачот за убиство на седумте лица. Полицијата соопшти дека не знаела за неговото минато, што веројатно може да укаже дека Џо можел да го изврши масакрот.
Тој претходно бил обвинет за насилство на работното место, според документите што ги видел Си-ен-ен.
Претходно му била издадена забрана за приближување до својот поранешен колега и цимер, кој го обвинил Џо за напад и закани. Против него била издадена привремена забрана за приближување, а потоа во март 2013 година Џо ја напуштил работата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украина објави нова проценка за руските загуби

Украина објави нови податоци за руските загуби од почетокот на инвазијата минатата година до денеска.
Според нив досега се убиени 125 510 руски војници, 800 во последните 24 часа.
Орієнтовні втрати окупантів за минулу добу склали:
800 вбитими
7 танків
4 бойові броньовані машини
8 артсистем
1 РСЗВ
1 літак
1 вертоліт
Слава Захисникам України!🇺🇦 pic.twitter.com/jabn12Bs1s— Оперативний ЗСУ (@operativno_ZSU) January 28, 2023
Свет
Повторно пукање во Ерусалим, има повредени

Најмалку две лица се повредени во пукање во археолошкиот локалитет Давидов град во Ерусалим, Израел.
Како што наведоа од полицијата, напаѓачот бил неутрализиран.
Престрелката се случува за помалку од 24 часа по терористичкиот напад на синагога во населбата Неве Јаков во Ерусалим, во која загинаа седум лица.
Регион
Дачиќ: ЗСО останува главната точка на сите наши договори за Косово

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Заедницата на српските општини (ЗСО) останува главната точка на сите договори за Косово и дека таа мора да биде формирана според договорените принципи.
„Во бриселскиот договор од 2013 година јасно пишува што е ЗСО, уште подетално е регулирано во договорот од 2015 година, а ние го потпишавме затоа што е добро за нашата заедница на Косово“, изјави Дачиќ за „Политика. “.
„Договорот не е идеален, но во услови во кои го преговаравме е максимумот што можевме да го постигнеме“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека овие договори се круна на учеството на Србија во дијалогот со посредство на Европската Унија, која самата се обврза да ги спроведе потпишаните.
Според неговото мислење, никогаш немало причина да не се спроведе договорот, освен упорното одбивање на Приштина да го спроведе и неограничената толеранција на западните посредници за нивно уништување.