Контакт

Европа

Украина: Најдовме 26 тела под две урнати згради во Бородјанка

Објавено пред

Украинската државна обвинителка Ирина Венедиктова рече дека 26 тела биле пронајдени под две урнати згради во Бородјанка, околу 23 километри западно од Буча, пренесува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Таа не кажа дали властите ја утврдиле причината за смртта, но ги обвини руските војници дека извршиле воздушни напади врз градот по кој украинските власти трагаат по повлекувањето на руските војници што го окупираа. Говорејќи на телевизиски брифинг, таа рече:

„Бородјанка е во најлоша ситуација во смисла на разурнатост и неизвесност во однос на бројот на жртвите“. Додаде дека бројот на жртвите во Бородјанка ќе биде поголем од каде било, но не наведе повеќе детали.

Европа

Кадиров и се заканува на Полска: Ако добиеме наредба, за шест секунди ќе ви покажеме на што сме способни

Објавено пред

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров и се закани на Полска. Тој на својот канал на Телеграм објави видео во кое вели „го интересира Полска“.

dobivaj vesti na viber

– По Украина, ако добиеме нарачка, за шест секунди ќе ви покажеме на што сме способни. Подобро би било да си го вратите оружјето и платениците – рече Кадиров.

Кадиров рече дека е подобро Полјаците да побараат официјална прошка за тоа што му го направија на рускиот амбасадор Сергеј Андрејев, кога, потсетуваме, го испрскаа со црвена боја на Денот на победата.

„Ние нема само да го игнорираме, имајте го тоа на ум“, рече Кадиров.

Прикажи повеќе...

Европа

И по неколкучасовните разговори на делегациите, Турција продолжува да се противи на членството на Шведска и Финска во НАТО

Објавено пред

Шведски и фински дипломати вчера имаа повеќечасовни разговори со турските колеги, меѓутоа, како што јавуваат агенциите, не е постигнат договор и Турција се уште се противи на приемот на двете скандинавски земји во НАТО.

dobivaj vesti na viber

Според турскиот портпарол, претседателот Ибрахим Калин, процесот на проширување на НАТО со скандинавските земји не е можен додека не се решат безбедносните грижи на Турција.

На состанокот беше истакнато и дека Турција забележала позитивен став кон укинување на ембаргото за оружје.

– На оваа средба видовме позитивен став кон укинувањето на ембаргото за производите од одбранбената индустрија, што е пријатен развој – рече Ибрахим Калин.

Да потсетиме, Шведска и Финска го забранија извозот на оружје во Турција по нејзиниот упад во Сирија против сириската курдска милиција ЈПГ. Анкара смета дека групата е идентична со ПКК, пренесуваат агенциите.

Прикажи повеќе...

Европа

Првите мерки на Унгарија по воведувањето на вонредната состојба

Објавено пред

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на Фејсбук објави какви мерки ќе преземе земјата за да ја заштити својата економија поради војната во соседна Украина.

dobivaj vesti na viber

Унгарија ќе ги обврзе банките, телекомуникациските и енергетските компании, големите трговски синџири, осигурителните компании и авиокомпаниите да уплатат голем дел од нивниот дополнителен профит во државниот буџет, рече Орбан.

Оваа мерка ќе се однесува за 2022 и 2023 година, а екстра профитот на овие компании ќе се користи за зајакнување на унгарската армија, но и за сметки за енергија.

Преземањето на овие мерки беше овозможено со вонредната состојба воведена вчера како одговор на руската инвазија на Украина, која и овозможува на владата да преземе посебни мерки без вклучување на законодавниот дом, пренесуваат медиумите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

Зеленски со остри критики кон Хенри Кисинџер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го критикуваше поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, кој посочи дека мировните преговори треба да...

Свет17 минути

11 бебиња загинаа во пожар во болница во Сенегал

Сенегалскиот претседател Меки Сал изјави дека 11 новороденчиња загинале во пожар во регионалната болница во Тивауан. Сал изјавил дека се...

Европа20 минути

Кадиров и се заканува на Полска: Ако добиеме наредба, за шест секунди ќе ви покажеме на што сме способни

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров и се закани на Полска. Тој на својот канал на Телеграм објави видео во кое вели...

Европа22 минути

И по неколкучасовните разговори на делегациите, Турција продолжува да се противи на членството на Шведска и Финска во НАТО

Шведски и фински дипломати вчера имаа повеќечасовни разговори со турските колеги, меѓутоа, како што јавуваат агенциите, не е постигнат договор...

Европа27 минути

Путин првпат ги посети ранетите руски војници во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин вчера за првпат ги посети војниците ранети во Украина, три месеци по почетокот на офанзивата на...

Македонија10 часа

Џафери ги заклучи вратите на салата во Собранието и ги исклучи микрофоните

Собранискиот спикер Талат Џафери побара да се заклучат собраниските врати од салата за да службите пребројуваат пратеници, а пратениците на...

Македонија12 часа

Ковачевски – Дендијас: Фокусирани сме на зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Македонија и Грција

Претседателот на Владата денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Грција Никос Дендијас, кој е во еднодневна посета...

Свет13 часа

Вартоломеј: Руската православна црква нѐ разочара, патријархот Кирил треба да му се спротивстави на Путин

Вселенскиот патријарх Вартоломеј денеска изјави дека Руската православна црква ги предала отците на православната црква поддржувајќи го нападот врз Украина....

Македонија15 часа

Повисоки плати ќе добијат судиите и обвинителите

Владата денеска ги прифати и измените и дополнувањата на Законот за плати на јавните обвинители. Со предложените одредби, како што...

Свет17 часа

Нови детали за хоророт во Тексас: сите деца биле убиени во една училница

Објавени се нови детали за страшното масовно убиство што се случи вчера во Основното училиште во Тексас. Во нападот на...

Македонија18 часа

(Интервју) Вангелов: Решение е можно ако Бугарите немаат разорно токсични изјави

Членот на мешовитата Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, Огнен Вангелов, во интервју за „Макфакс“ вели...

Македонија18 часа

Се преговара за набавка на посебни ПЦР-тестови за дијагностицирање мајмунски сипаници

Здравствениот систем се подготвува за евентуална појава на мајмунски сипаници и кај нас, извести денес Комисијата за заразни болести. Доктор...

Македонија20 часа

Османи: Императив е во јуни да се почне со долго задоцнетиот пристапен процес

Императив е да се почне со веќе долго задоцнетиот пристапен процес на Македонија и Албанија сега во јуни, порача денеска...

Македонија20 часа

Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

Признавањето на автокефалноста на црквата во Северна Македонија од страна на Српската православна црква е радосен настан, изјави заменик-претседателот на...

Македонија22 часа

Џафери не чувствува одговорност да им се извини на собраниските службеници

Собранискиот спикер Талат Џафери не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со пцости, а...

Свет22 часа

Убиецот пред масакрот во Тексас и’ испратил порака на непозната девојка: „Имам мала тајна“

Осумнаесетгодишниот Салвадор Рамос, кој уби најмалку 19 ученици и двајца учители во основното училиште „Роб“ во Тексас, пред масакрот на...

Македонија23 часа

„Бегај бе таму, хеј сус“ – пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со транспаренти во Собранието побараа оставка од Талат Џафери

Со транспарент, на кој е испишано „Бегај бе таму, хеј сус“, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од претседателот на Собранието,...

Топ23 часа

Четиринаесетгодишник со нож ѝ се заканувал на аптекарка, ѝ го одзел прометот и ја удрил со тврд предмет

Скопското Обвинителство до Кривичниот суд во Скопје достави барање за поведување подготвителна постапка против дете поради разбојништво. На 23 мај,...

Свет23 часа

Познат идентитетот на децата убиени во масакрот во Тексас

Неколку часа по масакрот во основното училиште во Тексас, почнаа да пристигнуваат информации за жртвите. Полицијата потврди дека загинале 19...

Свет23 часа

Сорос предупредува: Русија можеби го означи почетокот на третата светска војна, нашата цивилизација можеби нема да опстане

Американскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос се обрати на Светскиот економски форум во Давос предупредувајќи дека руската инвазија на Украина...