Свет
Украина на чекор од влез во НАТО; Кулеба: Постигнат е консензус
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, денеска објави дека НАТО одлучил да се откаже од барањето Киев да го следи акцискиот план за членство (МАП).
Ова ја отстрани една од пречките за влез на Украина во НАТО.
Following intensive talks, NATO allies have reached consensus on removing MAP from Ukraine's path to membership. I welcome this long-awaited decision that shortens our path to NATO. It is also the best moment to offer clarity on the invitation to Ukraine to become member.
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) July 10, 2023
„По интензивните разговори, сојузниците во НАТО постигнаа консензус за отстранување на МАП од патот на Украина за членство. Ја поздравувам оваа долгоочекувана одлука што го скратува нашиот пат кон НАТО“, напиша на „Твитер“ украинскиот министер за надворешни работи пред самитот во Литванија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Северна Кореја испраќа војници во руската армија
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска ја обвини Северна Кореја дека испраќа војници во руската армија за да ја нападне Украина.
„Гледаме растечки сојуз меѓу Русија и режими како Северна Кореја. Повеќе не се работи само за трансфер на оружје. Се работи за испраќање луѓе од Северна Кореја во окупаторските вооружени сили“, рече тој.
Свет
САД му испраќаат на Израел голема помош: „Го правиме тоа за да го одбраниме“
Соединетите Американски Држави најавија дека ќе испратат напреден противракетен систем до Израел и американски војници да управуваат со него, во обид да ја зајакнат воздушната одбрана на земјата по ракетниот напад од Иран.
Американскиот претседател, Џо Бајден рече дека го испраќа системот за да го одбрани Израел.
Портпаролот на Пентагон, Пат Рајдер, рече дека распоредувањето на системот за одбрана ќе го зајакне интегрираниот израелски систем за воздушна одбрана.
„Ова е дел од поширокото прилагодување на американската војска во последните месеци за поддршка на одбраната на Израел и заштита на Американците од нападите на Иран и проиранските милиции“, рече Рајдер.
Претходно во неделата, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи ги предупреди Соединетите држави дека ги загрозуваат животите на нивните војници со тоа што „ги испраќа да управуваат со американските противракетни системи во Израел“.
„Иако направивме неверојатни напори во изминатите неколку дена за да спречиме војна од целосен обем во нашиот регион, јасно ќе кажам дека немаме црвени линии во одбрана на нашиот народ и интереси“, објави Аракчи на „Икс“.
Иран истрела проектили и беспилотни летала кон Израел во април. На 1 октомври повеќе од 180 балистички ракети беа истрелани кон Израел поради ескалацијата на борбите меѓу Израел и Хезболах во Либан. Многумина беа пресретнати, но некои ја пробија одбраната.
Свет
(Видео) „Ова е сосема лудо!“ – „Старшип“ на Илон Маск изведе неверојатна мисија
Компанијата „Спејс Икс“ на милијардерoт Илон Маск денеска изврши успешна пробна летачка мисија со системот „Старшип“, петта по ред, со успешно враќање на Земјата на првата етапа од вселенскиот систем.
Пробната мисија имаше за цел да презентира можност првата етапа, ракетата „Супер хеви“ да се врати на Земјата неоштетена. Таа слета директно во клештите на лансирната рампа од каде што претходно беше лансирана. Ова предизвика радосни извици и аплаузи во вселенскиот центар на компанијата во јужен Тексас.
Watch Starship’s fifth flight test https://t.co/LVrCnTv797
— SpaceX (@SpaceX) October 12, 2024
„Ова е сосема лудо!“ врескаше инженерката на „Спејс Икс“, Кејт Тајс за време на преносот во живо.
Ова претставува голем чекор напред кон главната цел на „Спејс Икс“, „Старшип“ да стане вселенско летало за повеќекратна употреба. На веб-страницата на „Спејс Икс“ се вели дека тоа е „вселенски брод за целосно повеќекратна употреба“ и втора етапа од системот „Старшип“ .