Свет
Американка и двајца руски космонаути ќе бидат во Маѓународната вселенската станица во следните 6 месеци
Меѓународната вселенска мисија, со двајца руски и еден американски астронаут во руското летало „Сојуз“, од космодромот во Бајанкур, Казахстан, беше успешно лансирана кон Меѓународната вселенска станица.
Руско-американската вселенска мисија е лансирана во ново вселенско летало, што ќе се поврзе со Меѓународната вселенска станица во орбитата многу побргу од претходните, за помалку од три часа, и таму ќе ги помине следните шест месеци, јави АП.
Кејт Рубинс од американската НАСА и руските космонаути Сергеј Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков од руската вселенска агенција „Роскосмос“ полетаа утрово во предвиденото време до Меѓународната вселенска станица што кружи околу Земјата.
Таму ќе го заменат руско-американскиот тим, кој е во мисија од април и треба да се врати на Земјата за една недела.
„Поминавме две недели во Стар Сити, недалеку од Москва, а потоа 17 дена во Бајанкур во многу строг карантин и сите направивме ПЦР-тестови“, изјави американската астронаутка Кејт Рубинс пред лансирањето најавувајќи интересни тестови во вселената, вклучително и студија за растот на клетките во вонземски услови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

