Европа
Французи тужат крузерска компанија поради трауми од коронавирусот
Речиси 850 француски патници од крузер, на кој избувнала епидемија на коронавирус, по што бродот во март не успеал да се закотви на ниедно пристаниште, во Париз поднеле групна тужба со 180 обвиненија, вклучително и убиство од небрежност, против компанијата „Коста крузес“, соошти нивиот адвокат во неделата.
Групната тужба, во која се вклучени и три обвиненија од семејства чии членови починале од Ковид-19, ја обвинува италијанската компанија за небрежност и други пропусти за време на крстарењето со бродот „Коста магика“.
Од 6 до 13 март бродот посетил разни пристаништа на Карипските Острови, вклучувајќи ги Тринидад и Тобаго, Гренада, Барбадос и Света Луција, кои одбиле да дозволат негов влез.
За да ги компензира патниците поради неможноста за посета на островите, екипажот ги охрабрувал да ги користат продавниците, рестораните, казината и другите понуди и услуги на бродот, без да воведе доволно здравствени мерки или да ги извести луѓето за можни случаи на инфекција со Ковид-19 на крузерот, се наведува во тужбата.
„Членовите на екипажот се виновни бидејќи патниците немале речиси никакви информации и само благодарение на локалните медиуми дознале дека има активни случаи на бродот“, рече адвокатот Филип Куртоа, кој ги претставува патниците.
Куртоа ги критикува и, како што истакна, исклучително површните мерки против вирусот на бродот.
„Тоа требало да биде крстарење од соништата, а се претворило во страдање за луѓето“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.