Свет
Хамнеи тврди дека падот на Асад е резултат на планот на САД, Израел и на соседна земја
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска изјави дека Иран има докази дека соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад е резултат на планот на Соединетите Американски Држави, Израел и една од соседните земји на Сирија, која тој не ја именуваше.
Мохамед ал Башир беше назначен за привремен премиер на преодната влада на Сирија до 1 март 2025 година.
Сириската исламистичка бунтовничка организација Хајат Тахрир ал Шам, која го окупираше Дамаск, објави дека подготвува список на функционери од владата на Асад кои биле одговорни за тортурата за време на неговото владеење, пренесе Би-Би-Си.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На вонредна седница во Србија ќе се расправа за доверба на Владата
Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ потврди дека вонредна седница на Парламентот ќе биде закажана за в среда и дека ќе се расправа за гласање доверба на Владата.
Конечниот дневен ред ќе се знае утре.
Вели дека најважно за неа е пратениците, меѓу другото, да го донесат законот за станбени кредити за млади, кој Владата го испрати во собраниска процедура, а дека за опозицијата е најважно што ќе се расправа за доверба на Владата.
Брнабиќ рече дека тоа ќе било и порано на дневен ред, но дека опозицијата злоупотребила два потписи.
Свет
(Видео) Израелка со македонско потекло е ослободена по 477 дена минати во заробеништво
По 477 дена поминати во заробеништво Наама Леви, Израелка со македонско потекло, беше ослободена од Хамас и вратена во Израел. Таа беше дел од групата четири заложнички кои вчера беа ослободени, а нејзиното спасување ја трогна целата земја.
Леви, која беше киднапирана на 7 октомври 2023 година при нападот на Хамас во Израел, конечно се врати дома благодарение на напорите на израелските власти и поддршката од меѓународната заедница.
„Знаевме дека овој момент ќе дојде. Не се сомневавме. Помина долго време. Очекувавме тоа да се случи и претходно. Но, ова е тоа, тие се враќаат дома“, вели роднина на ослободената заложничка.
По ослободувањето, Леви и другите заложнички беа пренесени со хеликоптер на израелската армија, каде што први ги сретнале нивните најблиски роднини. На видеото што го објави израелската армија, Леви напиша на табла: „Конечно дома“, на англиски и хебрејски јазик.
Македонската врска на Леви потекнува од нејзината чукун баба, Грасиа Бивас, која била родена во Македонија во 1893 година. Баба Бивас, како девојче заминала во Израел, каде што основала семејство и оставила наследство
Свет
Во напад врз болница во Судан загинаа најмалку 70 луѓе
Најмалку 70 луѓе загинаа во напад врз болница во градот Ал Фашер, Судан, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Се работи за напад врз единствената функционална болница во тој град.
Бројката од 70 смртни случаи ја објави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на социјалната мрежа „Икс“.