Свет
Харви Вајнстејн осуден за сексуален напад во Лос Анџелес
Американскиот филмски продуцент Харви Вајнстејн е осуден за сексуален напад, одлучи судот во Лос Анџелес, пренесуваат американските медиуми. Ова се случи истиот ден кога Вајнстејн се појави пред судот во Њујорк за друг случај.
Судот во Лос Анџелес соопшти дека обвинението е за наводен сексуален напад врз две жени во 2013 година. Доколку биде прогласен за виновен, Вајнстејн би можел да се соочи со 28 годишна затворска казна.
Продуцентот претходно се појави во судот во Њујорк, каде се соочува со одделни обвиненија за силување и за сексуален напад.
Тој рекол дека сите негови врски биле консензуални, но признал дека „предизвикал многу болка“.
Скандалот избувна пред две години, а околу 80 жени, меѓу кои и актерките Гвинет Палтроу, Анџелина Џоли и Леа Сејду, подоцна го обвинија холивудскиот продуцент за сексуално вознемирување и злоставување.
Вајнстајн (67) се изјасни како невин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

