Контакт

Европа

Чавушоглу за „Њујорк тајмс“: Зошто Турција ја пресели борбата во Сирија

Објавено пред

Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, за престижниот американски весник „Њујорк тајмс“ напиша колумна со наслов „Зошто Турција борбата ја пресели во Сирија“, која беше објавена на 11 октомври годинава.

Турската амбасада во земјата достави превод од неа со цел состојбите да се расветлат и за нашите граѓани.

Во својата колумна турскиот министер објаснува дека разочарувачки е воената акција на Турција во североисточна Сирија да се толкува како да е напад врз Курдите, заслабување на борбата со остатоците на Исламската држава и наштетувачка врз кредибилитетот на Америка пред нејзините сојузници.

„Турција ја почна операцијата со цел да си ја обезбеди својата национална безбедност елиминирајќи ја опасноста што терористите ја создадоа во пограничините области. Оваа операција, Сиријците, кои живеат таму, ќе ги спаси од тиранијата на терористичките организации и ќе ја елиминира заканата против територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија. Овие две новини ќе го олеснат безбедното и доброволното враќање назад на Сиријците што беа принудени на иселување“, пишува Чавушоглу алудирајќи на курдските сили со скратеници познати како ПЈД/ЈПГ за кои вели дека се неразделен дел на Курдската работничка партија (ПКК) во Турција, која е призната како терористичка организација од страна на САД, Европската Унија и НАТО.

„Нашите американски соговорници изгледаше дека беа убедени дека овие сили треба да бидат извадени надвор од деловите блиски до нашите граници, дури и се согласивме за датумите. Од неодамна воените разговори во август резултираа со заемни заложби за обезбедување безбедна зона со што ќе се извади ПЈД/ЈПГ. Меѓутоа, САД ова не го резултираа со тоа што кај нас остави силен впечаток дека терористичката група се обидува да добие во време за уште повеќе да ја зајакне својата позиција во Сирија“, објаснува шефот на турската дипломатија додавајќи дека ПЈД/ЈПГ пред светот може да врши обид за да се претстави како група што војува против Исламската држава, но, како што вели тој, факт е дека обезбедува и експлозив на ПКК со копање тунели на турска почва.

Колку за потсетување, идеологијата на ПКК првобитно претставувала мешавина од револуционерен социјализам, курдски национализам и барање основа за независна држава во регионот познат како Курдистан.

Во колумната Чавушоглу им се обраќа и на оние што изразуваат загриженост за безбедноста на курдското население во Сирија.

„Би сакал да повторам и да нагласам дека борбата на Турција не е против Курдите. Нашата борба е против терористите. Презентирањето на состојбата како ‘Турците против Курдите’ е злонамерно и погрешно. Курдите не се наши непријатели“, објаснува тој.

Како што вели Чавушоглу, цел на турската офанзива „Извор на мирот“ е против терористичката структура што ПКК и ПЈД/ЈПГ заедно ја спроведуваат, каде што ги вооружуваат децата војници во области под нивна контрола, ја потиснуваат опозицијата, ја менуваат демографската структура и присилуваат на задолжителна воена служба.

„Ние како Турција веруваме дека го подготвуваме теренот за враќање на бегалците од Сирија во своите домови и обезбедуваме средина со што Исламската држава и другите терористички организации нема одново да се појават“, пишува тој во колумната за „Њујорк тајмс“.

На крајот турскиот министер додава дека наспроти погрешните перципирања што преовладуваат, верува дека акцијата ќе помогне за наслонување кон човечката димензија на проблемот, зачувување на интегритетот на земјата и ќе придонесе за нормални политички процеси.

Европа

Белгиска министерка: Првата вакцина против Ковид-19 најверојатно од март во ЕУ

Објавено пред

Првата вакцина против коронавирус треба да се дистрибуира во март следната година, изјави белгиската министерка за здравство, Меги де Блок, во интервју за радиото Ла Премиер.

Таа рече дека вакцината најверојатно ќе биде од фармацевтската компанија „Санофи“.

Според неа, вакцината е сè уште во фаза на тестирање, но таа очекува дека од март првите дози ќе бидат достапни во Белгија и во остатокот од ЕУ.

Според неа, приоритет при примањето на вакцината ќе имаат здравствените работници и најзагрозените категории на население, во согласност со советите на експертите во државниот здравствен совет.

Прикажи повеќе...

Европа

Итна порака од ЕУ до сите членки на Унијата

Објавено пред

ЕУ ги повика сите земји членки подобро да им објаснат на своите граѓани што е социјално растојание и да ги засилат напорите за негово одржување, како и хигиенските правила.

Агенцијата АФП кратко пренесе дека сите мерки за заштита се неопходни со цел што е можно повеќе да се спречат последиците од вториот бран на коронавирус.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Финска состојбата со коронавирусот се влошува, половина од новозаболените на возраст под 30 години

Објавено пред

Финските власти предупредуваат дека пандемијата на Ковид-19 брзо се шири во земјата и дека се движи во „алармантна“ насока.

14-дневниот кумулативен број на случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во Финска остана меѓу најниските во Европа со 15,5, покажаа податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Но, финските власти соопштија дека е загрижувачко што бројот на нови случаи во последните две недели е двојно зголемен на 798, од 387 во претходните две недели.

Министерството за социјална заштита и здравство соопшти дека може да се забележат неколку знаци на обнова на епидемијата во земјата.

„Зголемувањето на стапката на инциденција, зголемувањето на процентот на позитивни случаи кај сите примероци, зголемените тешкотии во пронаоѓањето изворот на инфекција и синџирите на инфекции стануваат сè почести, сите предвидуваат премин во фаза на забрзување на епидемијата“, се вели во соопштението.

Околу 50% од новите случаи се откриени кај оние под 30 години, додаде министерството.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минута

Врховниот суд ја потврди 4,8 годишната казна за Сеад Кочан за предметот „Труст“

Врховниот суд ја потврди 4,8 годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од...

Македонија14 минути

Пред општина Центар немаше насилство, рече адвокатот на Трајковски кој за споредба пушташе снимки од „Шарена револуција“

На денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар“, завршни зборови даде Александар Трајковски кој е обвинет дека е директен извршител...

Македонија1 час

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Култура2 часа

Со „Хомо“ на Игор Иванов-Изи вечерва завршува филмскиот фестивал „Синдејес“

Филмот „Хомо“, во режија на Игор Иванов-Изи, вечерва ќе го затвори 19-тото издание на фестивалот за европски филм „Синедејс“, по што...

Регион3 часа

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Топ3 часа

Маж загина по пад од покрив

Педесет и шестгодишен маж од село Злетово почина во болница, откако претходно паднал од покривот на куќата додека го чистел...

Македонија3 часа

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар...

Македонија3 часа

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Македонија5 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа5 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија6 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа6 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет7 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет16 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет18 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет20 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет20 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија20 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија21 час

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Досие