Контакт

Свет

Шведска ги повика повозрасните граѓани да излезат од изолација

Објавено пред

На повозрасните Швеѓани, на возраст над 70 години, и на другите ризични групи сега им се препорачува да ги следат истите упатства за коронавирусот како и остатокот од населението, соопштија властите. Досега им се советуваше да избегнуваат секаков близок контакт со луѓе со кои не живеат.

Со месеци на повозрасните Швеѓани и на другите ризични групи им се советуваше да избегнуваат да одат во продавници, вклучително и во супермаркети и аптеки.

Јохан Карлсон, шеф на Шведската агенција за јавно здравје, рече дека препораките помогнале да се намали ширењето на вирусот кај ранливите групи. Но, тој рече дека имало физички и ментални здравствени последици за тие групи. Со оглед на времетраењето на пандемијата, додаде тој, неразумно е тие да продолжат да го носат тој товар.

„ Ќе има ризик за поединци. Ќе видиме дека неколку луѓе ќе се разболат, но мора да најдеме рамнотежа“, нагласи тој.

Советот за општата популација вклучува избегнување големи собири – како што се ресторани, често миење раце, социјално дистанцирање и работа од дома доколку е можно.

Упсала, северно од Стокхолм, стана првиот регион што во вторникот воведе поостри локални правила, при што сите жители се советуваат да избегнуваат физички контакт со оние со кои не живеат.

Шведска не воведе строги правила какви што можеа да се видат во другите држави во Европа. Стапката на инфекција во Шведска се зголемува, но другите делови на Европа се погодени посилно.

Втора блокада е во сила во Чешка за да се надмине големиот бран. Белгија, Холандија, Франција и Велика Британија се исто така жаришта бидејќи земјите генерално се борат да овозможат достапни кревети на одделот на интензивна нега.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија5 минути

Утре, сончево и топло, попладне со изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне...

Македонија24 минути

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти, новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови...

Црна хроника32 минути

Татко физички и психички ги малтретирал малолетните деца во Кисела Вода

Синоќа во 21:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.И.(42) од...

Свет50 минути

Трамп верува дека Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор...

Црна хроника1 час

Внукот го претепал и му се заканувал на 74-годишниот дедо: му барал пари а не ги добил

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“....

Македонија1 час

Општина Чаир: Фестивалот „Фолклорните вечери на Чаршијата“ ги обедини културите во срцето на Скопје

Во Старата чаршија се одржа 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“, манифестација која собра фолклорни ансамбли...

Македонија2 часа

(Видео) СДСМ и ДПМНЕ го отворија патот за нова бетонизација на Водно, велат од Левица

Седницата на Советот на Општина Центар уште еднаш покажа дека кога се во прашање интересите на градежните лобија и урбаната...

Економија2 часа

Божиновска: Со приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор, земјата станува и важна транзитна точка во регионот и Европа

Македонија влегува во Вертикалниот гасен коридор – по интезивна активност на Божиновска и МЕРМС, стануваме дел од клучната европска гасна...

Македонија2 часа

ВМРО-ОКГ намерно го кочи Изборниот законик за да го одбегне она што следува после, велат од СДСМ

Според опозициската СДСМ; ВМРО-ОКГ, како што велат, намерно го турка Изборниот законик со спорни одредби за изборна гражба, за да...