Свет
Шведска, сепак, воведува мерки против коронавирусот
Во Шведска денеска стапуваат во сила строги правила за почитување на мерките за физичка дистанца во угостителските објекти.
Минималното растојание од еден метар меѓу столовите, кое претходно важеше како препорака за баровите, кафулињата и рестораните, од денес ќе стане правило, а локалните власти ќе имаат право да ги затворат објектите во кои нема да се почитуваат овие мерки.
Шведскиот институт за јавно здравје досега апелира угостителите да поттикнат почитување на мерката за физичка дистанца со цел заштита од коронавирусот, но локалните власти од сега ќе може да ги затворат оние објекти во кои овие мерки нема да се почитуваат.
Властите во Шведска беа обвинувани за давање неконзистентни препораки во поглед на физичката дистанца.
Некои угостителски објекти ја почитуваа претходната препорака за минимални два метра дистанца, а други беа обвинети дека не се обидуваат доволно да обезбедат растојание, кое дава заштита од пренесување на вирусот.
Инспекторите во претходните проверки во повеќе градови во земјата утврдиле пропусти во 40-ина угостителски објекти и побарале нивно привремено затворање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Од строго чуван затвор во Португалија побегнаа петмина затвореници
Петмина затвореници, меѓу кои еден Британец, Аргентинец и Грузиец, како и двајца Португалци, побегнаа од строго чуваниот затвор во Вале де Жудеуш, 30 км северно од Лисабон, соопштија португалските власти.
Според португалската затворска служба, мажите на возраст од 33 до 61 година побегнале вчера во 10:00 часот со помош однадвор, користејќи скали за да ја прескокнат затворската ограда. Полицијата веднаш била испратена за да ги пронајде бегалците, соопштија властите.
Двајцата Португалци служеле казни од 25 години за дела поврзани со трговија со дрога, кражби, грабежи и киднапирања. Останатите тројца исто така биле осудени за слични кривични дела.
Затворот Вале де Жудеуш е строго обезбеден и има капацитет од 560 затвореници.
Регион
Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“
Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан. Семејството, колегите, но и бројни пријатели и обожаватели се собраа на Градските гробишта во Чачак за да го кажат последното збогум и да се простат од него.
Хорот на гимназијата од Чачак по црковниот обред го испеа најголемиот хит на Бора „Погледај дом свој анџеле“, а овој момент расплака многумина и тоа беше најтажната сцена од гробиштата.
Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (72) почина во средата на 4 септември во Љубљана по тешко боледување.Легендарниот рокер ќе почива во родниот Чачак, што му беше и последна желба.
Роден е на 1 ноември 1952 година.
Свет
Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж
Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж во пустината во Ново Мексико, со што заврши тримесечната пробна мисија отежната од технички проблеми.
Вселенското летало доцна синоќа самостојно го почна своето шестчасовно патување до Земјата, а астронаутите Буч Вилмор и Сани Вилијамс, првиот екипаж што леташе со Старлајнер, останаа на Меѓународната вселенска станица (МВС).
Беше одлучено Вилмор и Вилијамс да останат на МВЦ до февруари 2025 година, бидејќи Старлајнер се врати на Земјата користејќи маневри премногу опасни за екипажот.
Леталото повторно влезе во атмосферата на Земјата околу 5 часот утрово по средноевропско време, со орбитална брзина од приближно 27.400 километри на час.
Вилмор и Вилијамс ќе продолжат да спроведуваат научни експерименти додека се во вселената, а се очекува да се вратат на Земјата во февруари 2025 година со вселенско летало на компанијата СпејкИкс.