Контакт

Свет

Шпанија разби банда што финансирала милиција на Ал каеда

Објавено пред

Шпанската полиција во вторникот уапси 10 државјани од сириско потекло обвинети за финансирање на терористичката милиција Ал каеда во Сирија, објави Министерството за внатрешни работи и извор близок до истрагата, пренесува „Локал“.

Со соработката на Европол повеќе од 350 агенти учествуваа во операцијата во Мадрид, на југ во Толедо и во источната провинција Валенсија.

Четиринаесет домови и други простории биле претресени. Изворот, кој одби да биде именуван, рече дека притворениците биле Шпанци со сириско потекло.

„Организацијата е предводена од семеен клан кој со години користел законска деловна структура за да ги скрие нелегалните операции со кои ги избегнале даночните власти и испратиле големи суми пари. Уапсените, наводно, зеле пари од секоја легална операција заменувајќи го вистинскиот износ на операцијата со потврда со друга помала вредност“, се вели во соопштението на Министерството.

Голем дел од парите отишле во провинцијата Идлиб во Сирија за финансиска поддршка на терористичката милиција таму. Роднините на осомничените наводно се членови на Ал каеда.

Парите биле испратени преку разни методи вклучувајќи курири и системот „Хавала“, неформален начин на плаќање врз основа на доверба, што е многу потешко да се следи од банкарските трансфери.

Еден од притворените веќе бил уапсен во Сирија во 2008 година и осуден за учество во напад и за припадност на џихадистичката група Фатах ал-ислам.

Операцијата доаѓа само неколку недели откако еден Сириец беше уапсен под сомнение за собирање пари за европските џихадисти поврзани со Исламската држава за да може да се вратат во Европа.

Регион

Лажна дојава за бомба ги испразни судовите во Сараево

Објавено пред

Лажна дојава за бомба во судовите во Сараево ја вознемири босанската полиција. По завршените проверки во зградите на Општинскиот, кантонски суд во Сараево и Врховниот суд на Федерацијата на БиХ, полицијата потврди дека заканата за бомба била лажна.

Сараевската полиција претходно беше принудена да ги евакуираа сите правосудни институции во Сараево поради тоа што непознато лице јавило дека има поставена бомба во судот, без да наведе во кој суд.

Затоа сите судските институции во главниот град на БиХ беа чувани од полицајци, додека во внатрешноста на зградите беше извршен преглед.

„За среќа, станува збор за лажна дојава”, велат од Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево.

Според неофицијални информации, заканата за бомба била упатено во време кога биле спроведи интервјуа со кандидати за судии во Уставниот суд на БиХ.

Прикажи повеќе...

Регион

Макрон: Србија има свое место во Европа

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Србија има свое место во Европа, но го повтори ставот дека Европската Унија треба да се реформира за да ја прими Србија.
        
,,Србија е на тој пат и јас секогаш ќе бидам покрај вас за да работиме на приближување и развивање на дијалогот”, рече Макрон на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ.
        
Тој истакна дека паралелно со тоа, ЕУ треба да се реформира за да биде подготвена да ја прими Србија. ,,Србија го покажа својот ангажман и патот по кој сака да оди, како и подготвеност да се преземат храбри реформи, а ЕУ има свои барања”, рече Макрон.

        

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе го промени мислењето за косовското прашање.

„За Франција, Косово е независно, за Србија не е. Мора да разбереме дека постојат земји кои размислуваат поинаку. Макрон е еден од ретките лидери кои сакаа да нè слушнат”, рече Вучиќ на прес-конференцијата по состанокот со францускиот претседател во Белград.

Тој рече дека има доверба дека Макрон сака да ги зачува мирот и стабилноста на Балканот и дека верува во она што тој ќе го изнесе како идеја за решавање на косовското прашање.

„Го молев да ни помогне да го решиме ова прашање, тој беше отворен и чесен да сослуша. Величествени заклучоци по овој состанок не се можни”, рече Вучиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија1 час

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија2 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион4 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија6 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија7 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија9 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија10 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија10 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија10 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија11 час

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија12 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија14 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава14 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет15 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет16 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион16 часа

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт1 ден

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа1 ден

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Спорт1 ден

Федерер: Незаборавно финале, ќе се обидам што е можно побргу да го заборавам

Роџер Федерер беше премногу блиску до својата 21. гренд слем титула, но не успеа да го доведе мечот до крај,...

Досие