Контакт

Свет

Јавна опомена за францускиот министер за правда

Објавено пред

Францускиот премиер Едуар Филип денес го критикуваше јавно министерот за правда, Франсоа Беру, бидејќи му се пожалил на директорот на државното радио дека новинарите од овој медиум ги малтретирале членовите на неговата централно-десничарска партија Модем, што премиерот не го смета за добра пракса.

Директорот на редакцијата за истражување во државното Радио Франција изјави дека се чувствувал “притиснат ” за време на телефонскиот разговор со министерот за правда, кој му рекол дека го повикал за да му се пожали што новинари од ова радио ги вознемируваат пратениците на Модем.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Велика Британија ги забранува социјалните медиуми за лица под 16 години

Објавено пред

Британскиот премиер Кир Стармер денес објави дека на лицата под 16 години ќе им биде забранет пристапот до сите главни апликации на социјалните медиуми.

„Водењето земја е секогаш прашање на избор и ми е јасно дека целосната забрана е вистинската“, рече Стармер на прес-конференција, објави Скај њуз.

Стармер нагласи дека социјалните медиуми ги прават децата несреќни, отвораат простор за вознемирување и злоупотреба и го оштетуваат нивното ментално здравје. Тој, исто така, ја нагласи опасноста од штетна содржина на која се изложени децата.

„Нема да правам компромис во врска со безбедноста и среќата на нашите деца и затоа оваа забрана мора да се спроведе. И ќе се спроведе“, рече тој.

Ограничувања и за платформите за игри
Тој објасни дека производите што не се опфатени со општата забрана, како што се платформите за игри, ќе мора да ги спречат децата да комуницираат со странци. Тој додаде дека можноста некои деца да најдат начини да ја заобиколат забраната не треба да биде причина за нејзино напуштање.

„Ова ќе ги направи нашите деца посреќни. Ќе им дадеме повеќе време, повеќе безбедност, повеќе слобода да растат и повеќе можности. На крајот на краиштата, тоа е она за што се залага оваа влада“, заклучи британскиот премиер.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Пронајдени остатоците од потонатата едрилица, лоцирано и телото на четвртото лице: започнува извлекувањето

Објавено пред

Во тешката поморска несреќа што се случи вчера околу 11:38 часот во Сплитскиот теснец, помеѓу островите Шолта и Брач, загинаа четири лица. Трагедијата се случи кога патнички катамаран на домашна компанија се судри со едрилица што пловеше под француско знаме, која потоа потона. Сите жртви беа чешки државјани, соопшти хрватското Министерство за море, транспорт и инфраструктура.

Во моментот на судирот, на едрилицата имало осум чешки државјани, додека на катамаранот имало 118 патници и седум членови на екипажот. Четири лица од потонатата едрилица биле спасени од морето и пренесени во Сплитскиот болнички центар со повреди, а според првичните информации, сите се надвор од животна опасност.

Тело пронајдено во остатоците од бродот
Нуркачите на хрватското Министерство за внатрешни работи ги лоцираа остатоците од потонатата едрилица на длабочина од повеќе од 50 метри. Телото на четвртото лице по кое се трагаше е исто така пронајдено во кабината, потврди утрово за телевизијата Н1 капетанот на Сплитската пристанишна капетанија, Жељко Куштера.

„Телото ќе биде извлечено, DORH ќе издаде наредба и бродот ќе биде извлечен. Длабочината е над 50 метри и мора да бидеме многу внимателни, ова се тешки операции. Сè мора да се направи безбедно“, рече Куштера.

Капетанот: Не се сеќавам на таква трагедија
Капетан Куштера потврди дека едрилицата имала соодветни документи и дека во моментот на судирот била напојувана со мотор. Видливо потресен, тој изрази тага поради несреќата.

„Не се сеќавам на таква трагедија што ги погодила сите луѓе и вработени вклучени во поморската индустрија, ова се гостите што дојдоа кај нас. Тоа е комбинација од такви околности, голема болка“, рече Куштера, додавајќи: „Ова е голема трагедија, нема смисла да се зема ништо здраво за готово. Никогаш не сум доживеал нешто вакво во мојата повеќе од триесетгодишна кариера.“

Истрага за причините за несреќата
Службите започнаа истрага за да ги утврдат точните околности што доведоа до судирот. Истрагата на местото на настанот ја спроведува заменик-окружниот обвинител со помош на експерти и полицијата. Агенцијата за истражување на несреќи во воздушниот, поморскиот и железничкиот транспорт потврди дека отвора безбедносна истрага, а надлежните органи на Франција и Чешка се информирани за сè.

Судскиот експерт за поморски работи Дамир Вишиќ предупреди дека е прерано да се извлекуваат заклучоци. „Брод пократок од 20 метри мора да избегнува поголеми бродови на водни патишта и тесни канали. Не добивме доволно информации за тоа зошто се случило ова. Можеби станува збор за технички дефект“, изјави Вишиќ за HRT. Слична изјава даде и Дамијан Дундовиќ, раководител на Националниот центар за безбедност на пловидбата, нагласувајќи дека повеќе ќе се знае по официјалната истрага.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп лут на Нетанјаху: „Зошто го изврши тој напад?“

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараа по телефон вчера откако Израел започна напади врз Хезболах во Бејрут, потврди извор запознаен со ситуацијата. Разговорот се случил само неколку часа пред очекуваното потпишување на договор за прекин на огнот меѓу САД и Иран, а Трамп ги осуди израелските напади претходно во текот на денот, објави The Jerusalem Post.

„Израел не треба да извршува повеќе напади никаде во Либан, но ниту другите страни, вклучително и Хезболах, не треба да го напаѓаат Израел“, рече Трамп. Тој напиша на својот профил на социјалните мрежи Truth Social: „Нападите од утрово не требаше да се случат, особено на посебен ден кога сме толку блиску до мировен договор со Иран“.

Трамп додаде дека Израел има право да „се брани од закани“, но дека заканата од која се брани е „многу мала и незначителна“. Тој ја заврши својата порака осврнувајќи се на потенцијален мировен договор со Иран, кој се очекуваше да биде потпишан во недела навечер. „Ова може да биде почеток на долг и прекрасен мир – да не го уништуваме!“

„Биби нема никаква дискреција“
Во интервју за израелскиот Канал 12 во неделата, Трамп го изрази своето незадоволство од нападите на ИДФ врз Бејрут и одлуките на премиерот Нетанјаху. „Биби нема никаква дискреција“, изјави тој за израелскиот медиум.

„Зошто го изврши тој напад?“ Трамп, исто така, истакна дека го пренел своето мислење директно до Нетанјаху. „Хезболах пукаше и не погоди ништо“, продолжи Трамп. „Никој не е повреден. А потоа тој мора да нападне, и тоа во Бејрут. Тоа ме налути многу.“

Израелски напад врз командните центри на Хезболах
Израелските одбранбени сили (ИДФ) извршија напади во населбата Дахија во Бејрут како одговор на оганот на Хезболах врз израелска територија, потврдија Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац во заедничка изјава во неделата. „Израел нема да толерира пукање насочено кон негова територија“, се вели во соопштението.

Армијата додаде дека нападите прецизно го таргетирале еден од командните центри на Хезболах лоциран во Дахије, кој терористичката организација го користи за „поттикнување терористички напади врз граѓани на Државата Израел и војници на ИДФ кои дејствуваат во јужен Либан“. Според новинарот на Аксиос, Барак Равид, ИДФ ја известиле Централната команда на САД (CENTCOM) кратко пред да го извршат нападот.

Во меѓувреме, Мохамед Мохбер, поранешен привремен претседател на Иран и висок советник на врховниот лидер ајатолах Моџтаба Хамнеи, ги предупреди Израел и САД. Тој рече дека Техеран нема да направи „никакви отстапки“ во одбраната на Либан и дека секој што ќе ги премине црвените линии на Иран ќе „научи лекција“ за која ќе се зажали.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт3 минути

Гвардиол го одбил Реал, ќе остане на „Етихад“

Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол одлучи да ја отфрли понудата на Реал Мадрид и да остане во Манчестер Сити. Гвардиол беше...

Европа4 минути

Велика Британија ги забранува социјалните медиуми за лица под 16 години

Британскиот премиер Кир Стармер денес објави дека на лицата под 16 години ќе им биде забранет пристапот до сите главни...

Забава6 минути

(Видео) Нејзиниот настап на Светското првенство остана во сенка: Кејти Пери и Џастин Трудо го запалија интернетот со интимни сцени

Откако настапи на церемонијата на отворањето на Светското првенство, Кејти Пери веднаш се стрча боса кон своето момче, Џастин Трудо....

Забава16 минути

Сакале или не, ќе доживеат големи промени: Три хороскопски знаци ќе бидат миленици на летото

Владеењето на Ракот започнува на 21 јуни и носи период во кој некои долгоочекувани работи конечно почнуваат да се спојуваат....

Спорт39 минути

(Видео) Јапонците повторно го воодушевија светот, го исчистија целиот стадион

Додека на Светското првенство се водат битки за освојување на еден или три бода, навивачите на Јапонија уште еднаш покажаа...

Црна хроника46 минути

Акциски контроли во сообраќајот во Куманово и Тетово: изречени се 114 санкции, уапсени се седум лица, одземени шест мотоцикли и едно патничко возило

На 13.06.2026 во периодот од 17:00 до 23:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за...

Црна хроника50 минути

Акциска контрола во сообраќајот во Скопје, изречени 219 санкции, одземен еден мопед

Вчера во периодот од 16:00 до 24:00 часот на подрачјето на Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај и Единицата...

Економија51 минута

Оваа недела ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

На 18 јуни 2026 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите...

Македонија54 минути

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT стана полноправна членка на FIRST

Владиниот центар за одговор на сајбер инциденти MKD-GOV-CSIRT е примен како полноправна членка на FIRST – Forum of Incident Response...