Свет
Ќе видиме дали ќе сопре војната како што вети: Хамас за новиот претседател на САД
Високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри, изјави дека републиканскиот кандидат Доналд Трамп, кој денеска прогласи победа на претседателските избори во САД, ќе биде тестиран на неговите изјави дека може да ја запре војната во Газа за неколку часа по преземањето на функцијата.
„Го покануваме Трамп да научи од грешките на претседателот Џозеф Бајден“, изјави Абу Зухри за „Ројтерс“.
Доналд Трамп денеска прогласи победа на претседателските избори во САД.
Тој му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека сака Израел да ја заврши војната во Појасот Газа додека тој се врати на функцијата доколку победи на изборите, објави „Тајмс оф Израел“ минатиот месец цитирајќи поранешен функционер од администрацијата на Трамп и израелски функционер.
Светските медиумим потсетуваат дека израелската армија пред неколку дена објави дека е убиен еден од последните високи функционери на Хамас, Иза ал-Дин Касаб, пренесува „Танјуг“.
Убиството на Иза ал-Дин Касаб го потврдија израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет наведувајќи дека тој бил убиен во воздушен напад во јужниот дел на Појасот Газа, објави „Тајмс оф Израел“.
Касаб беше еден од последните преостанати членови на политичкото биро на Хамас, каде што беше шеф на националните односи.
Според ИДФ, тој бил одговорен за координација меѓу Хамас и другите терористички групи во Газа.
„Касаб беше значаен извор на моќ и врз основа на неговата улога беше одговорен за стратешките и воените односи на организацијата со другите фракции во Појасот Газа. Тој имаше овластување да го насочува извршувањето на терористичките напади против државата Израел“, се наведува во соопштението на ИДФ.
Според соопштението на ИДФ, во нападот бил убиен и помошникот на Касаб, Ајман Аџеш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати на медиумите зборувајќи, меѓу другото, и за апсењата за обидот за убиство врз него.
Вучиќ изјави дека не знае кои се луѓето кои го планирале атентатот врз него и неговото семејство, но дека знае за нивната возраст, додавајќи дека од доказите видел дека станува збор за луѓе кои се спремни од тоа да го тепаат, па до тоа да го убијат неговото дете.
Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за двајцата мажи кои беа уапсени во Краљево под сомнение дека планирале атентат врз него и неговото семејство, рече дека тоа е евидентирано како доказ.
„Она што го добив во материјалот, не знам точно за кои лица станува збор, знам од каде се, ги знам нивните години, па не навлегувам во сè друго. Единственото нешто што успеав да го видам е како треба да го тепаат моето дете до точка на врескање, до точка на колење“, рече Вучиќ.
„Гледам дека има околу 70 луѓе кои се залагаат тие да бидат ослободени. Зборуваме за луѓе кои би колеле нечии деца, тоа го имаме евидентирано како доказ“, рече Вучиќ.
Свет
Руското разузнавање: Велика Британија и Франција префрлаат нуклеарно оружје во Украина
Руските сенатори побараа меѓународна и национална истрага откако руската Служба за надворешно разузнавање (SVR) изнесе тврдења за плановите на Велика Британија и Франција за трансфер на нуклеарно оружје во Украина.
Во соопштението на Советот на Федерацијата, сенаторите изразија загриженост во врска со потенцијалното испраќање нуклеарни експлозивни направи во Киев, барајќи од британскиот и францускиот парламент да започнат истраги за овие планови, објави ТАСС.
Сенаторите ги повикаа ОН, Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) и Конференцијата за преглед на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (NPT) да ги истражат тврдењата на SVR.
Беше нагласено дека реализацијата на ваквите планови може да доведе до ескалација на конфликтот и да создаде сериозни закани за безбедноста на Русија и Европа.
Во соопштението се наведува дека, според Нуклеарната доктрина на Руската Федерација, поддршката на нуклеарна сила на Украина може да се сфати како заеднички напад.
Претходно, СВР објави дека Франција и Велика Британија активно работат на снабдување на Украина со нуклеарно оружје, наведувајќи ја како можност испораката на француската мала боева глава ТН75 од балистичката ракета М51.1, пренесува Танјуг.
Европа
(Фото) Лидерите на девет земји од ЕУ пристигнаа во Киев
Лидерите на девет европски земји пристигнаа во Киев утрово, на четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина. Лидерите на Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка, Шведска и Хрватска пристигнаа во украинската престолнина.
I was glad to welcome our Croatian friends to Kyiv, Prime Minister @AndrejPlenkovic and my colleague @grlicradman. We are grateful to friendly Croatia for its support and solidarity. Thank you for being with us on this symbolic date. pic.twitter.com/yeaZXPSRCn
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) February 24, 2026
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха објави порака за добредојде до сојузниците на социјалната мрежа Икс.
„Добредојдовте во Киев, драги сојузници, и ви благодарам што денес стоите со Украина, како што правевте за време на четири години брутална руска тотална војна. 24 февруари 2022 година засекогаш ја подели историјата на Европа на ‘пред’ и ‘после’. Симболично е што раководството на ЕУ е со нас денес“, рече Сибиха.
Welcome to Kyiv, dear allies, and thank you for standing with Ukraine today and throughout four years of Russia’s brutal full-scale war.
I was glad to welcome @EU_Commission President @vonderleyen and @eucopresident Antonio Costa at the Kyiv Central.
February 24th, 2022, has… pic.twitter.com/p9v1YJMxOc
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) February 24, 2026
Сибиха ги пречека сојузниците на централната железничка станица во Киев.
„Задоволство ми е што ги пречекувам лидерите на нордиско-балтичките Г8, нашите вистински и блиски сојузници во одбраната на слободата, правдата и вистината. Ви благодарам за вашата силна и непоколеблива поддршка за Украина и нашите заеднички европски вредности и принципи“, напиша тој.
Претходно беше објавено дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, исто така пристигнаа во Киев. Советот на Европа, исто така, ќе ја одбележи четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија со низа настани во знак на солидарност со украинскиот народ.

