Контакт

Свет

Џонсон: Набргу ќе бидат познати деталите од планот

Објавено пред

Британскиот премиер, Борис Џонсон, денеска изјави дека неговата влада е подготвена на крајот да понуди цврст предлог за нов договор за излез од Европската Унија.

Велика Британија би требало да ја напушти ЕУ на последниот ден од овој месец, а меѓу лидерите во Унијата расте нетрпението бидејќи Обединетото Кралство не го предало детаљниот план за оставање отворени граници меѓу Северна Ирска и Ирска, што е главна точка на договорот.

Планот на Велика Британија ќе биде испратен во Брисел по звршувањето на конференцијата на владејачката Конзервативна партија во Манчестер, а Џонсон најави дека деталите ќе бидaт познати многу бргу. Тој истакна дека Обединетото Кралство ќе ја напушти ЕУ, како што е планирано, на 31 октомври, со или без договор.

„Нема смисла брегзитот ако останете заклучени во царинската унија и во единствен пазар, без права на став – „не“, рекол Џонсон за Би-би-си.

Тој не објаснил што предложила Британија како алтернатива.

Регион

Грците го добија својот прв крематориум

Објавено пред

Во Грција е отворен првиот крематориум по неколкудецениско спротивставување на Грчката православна црква, која смета дека кремирањето е непочитување на телото.

Крематориумот се наоѓа во Рицона, оддалечена 80 километри од Атина, а е изграден од приватна компанија за четири милиони евра.

Сите претходни обиди на локалните власти во Грција да изградат нешто слично, вклучително и Атина и Солун, пропаднаа поради спротивставувањето на Црквата, пренесува „Индекс“.

Крематориумот започна со работа и пред официјалното претставување пред јавноста, веќе се извршени 30 кремации.

Иако кремирањето беше легално во Грција уште во 2006 година, постапките не можеа да се водат заради спротивставувањето на Грчката православна црква.

„Црквата не прифаќа спалување на телото затоа што тоа е храм на Светиот Дух. Секој што искажува намера да се кремира го потврдува своето раздвојување од Црквата и затоа нема право на верски обред “, рече претходно Црквата.

Прикажи повеќе...

Европа

Орбан: Ако Турција пушти бегалци, ќе употребиме сила на границата со Србија

Објавено пред

Унгарија ќе мора да примени сила на својата јужна граница со Србија за да ја заштити границата со Европската Унија, доколку Турција го оствари заканувањето дека ќе ја отвори вратата за бегалците кон Европа, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Орбан рече дека 90.000 луѓе во моментот се обидувале да стигнат до ЕУ преку „балканската рута“, додавајќи дека нивниот број наскоро ќе се зголеми на 100.000.

„Ако Турција ослободи уште стотици илјади мигранти, ќе мораме да употребиме сила за да ги заштитиме унгарската граница и српско-унгарската граница“, рече Орбан.

Орбан предупреди дека сегашната состојба во Сирија наскоро може да има последици и за Унгарија, чии граници се воедно и граници на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Европа

Меркел: Германија нема да испорачува оружје за Турција

Објавено пред

Германската канцеларка Ангела Меркел објави денеска дека Германија нема да испорачува оружје за Турција, поради воената офанзива што ја започна во Сирија.

Таа во долниот дом на парламентот рече дека од Турција неколку пати побарала да стави крај на воената операција против курдските сили во северна Сирија, пренесува „Ројтерс“.

„Тоа е хуманитарна драма со сериозни геополитички последици, така што Германија нема да ѝ испорачува оружје на Турција во сегашните околности“, рече таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Меркел : Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа2 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион2 часа

Сараево: Малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и нејзината мајка под...

Свет3 часа

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа3 часа

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија13 часа

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија15 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија17 часа

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Европа18 часа

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Македонија20 часа

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија21 час

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија22 часа

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Македонија22 часа

Прогласени пет нови природни реткости – меѓу нив и Чинарот во Охрид

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување 5 нови природни реткости: Киселичката пештера, Чинарот во Охрид,...

Свет23 часа

(Видео) Кара: Додека не го исчистиме регионот од терористи, акцијата во Сирија нема да престане

Операцијата „Извор на мирот“ на Турција во Сирија ќе продолжи сè до расчистување на регионот од терористи. Досега се убиени...

Регион24 часа

Малолетник украл автобус и ги развезувал патниците низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи...

Македонија1 ден

Јанакиески: Не можам да бидам вработен, една година сум во притвор

На повторниот нов почеток на судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“, судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на...

Свет1 ден

Ким Џонг-ун јавајќи бел коњ се искачи на корејската света планина

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, вети дека ќе ги совлада меѓународните санкции за кои рече дека донеле многу тешкотии...

Свет1 ден

Ердоган го одби повикот на САД за примирје

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го одби повикот на САД за итен прекин на огнот во северна Сирија. Ова следува...

Свет1 ден

Семејство во Холандија живеело 9 години во подрум чекајќи го крајот на светот

Во подрумот на куќа во Руинерволд, Холандија, е пронајдено семејство што таму живеело изминативе девет години чекајќи го крајот на...

Регион1 ден

Полицијата во Словенија во воз пронајде 13 килограми хероин вреден над милион евра

Словенечката полиција откри повеќе од 13 килограми хероин во меѓународен патнички воз што патувал од Турција за Австрија, што е...

Досие