Свет
Авион бил пренасочен поради агресивно однесување на Британка, таа мора да плати 94 илјади евра

Британска авио компанија „Џет 2“ ѝ наплатила на патничка 85.000 фунти (околу 94.000 евра) надомест и трајно ѝ забраниле пристап до нејзините авиони поради нејзиното агресивно однесување во авионот поради што леталото морало да биде пренасочено во придружба на воен авион, објави Си-ен-ен.
Компанијата ја обвинила Клое Хејнс за низа агресивни, навредливи и опасни постапки, вклучително и за обид да ја отвори вратата на авионот за време на летот од Лондон до Даламан. Екипажот за тоа време морал со помош на другите патници да ја спречат Хејнс, а авионот на крајот, поради тој инцидент, бил пренасочен назад во Лондон во придружба на авион на британските Кралски воздушни сили.
Портпаролката на полицијата во Есекс изјавила дека Клое Хејнс (25) е уапсена поради сомневање за два напада и загрозување на авионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иранска агенција: Нападната е американската база во Сирија

Американска воена база во Сирија била цел на минофрлачки напад, јавува иранската агенција Мехр, повикувајќи се на повеќе извори.
Агенцијата наведува дека информирани извори објавиле дека нападот бил извршен врз американската база лоцирана во западниот дел на сириската провинција Хасака.
По нападот, според истите извори, биле воведени засилени безбедносни мерки на главниот влез во базата.
Се наведува дека засега нема информации од каде дошол нападот.
Дополнително се тврди дека по гранатирањето, американскиот контингент стациониран во базата бил ставен во состојба на готовност, подигнати се неколку американски хеликоптери, а американски војници ја пребарале областа околу објектот.
Свет
Расте бројот на жртви по нападот на бомбаш самоубиец во црквата во Дамаск

Бројот на загинати во нападот на бомбашот самоубиец во црквата Свети Илија во Дамаск се искачи на 25, додека 63 лица се повредени, соопшти денеска сириското Министерство за здравство.
Министерството соопшти дека бомбашот самоубиец кој го изврши нападот е припадник на Исламската држава, пренесе сириската државна агенција Сана.
Таа терористичка организација се уште не ја презела одговорноста за овој напад. Сириските медиуми јавуваат дека безбедносните сили воспоставиле безбедносен кордон околу местото на експлозијата.
Свет
Повеќе од 140 жени нападнати со шприцеви за време на музички фестивал во Франција

Серија напади со шприцеви се пријавени за време на популарниот музички фестивал „Fete de la Musique“, кој се одржува во голем број француски градови.
Француското Министерство за внатрешни работи објави дека досега 145 жени поднеле кривични пријави за прободување со непознати супстанции, а многу од жртвите се тинејџерки.
Најголем број случаи е регистриран во Париз, каде што најмалку 21 девојка пријавила дека биле нападнати.
Фестивалот „Fete de la Musique“ започна во Париз во 1982 година и сега се слави низ цела Европа. Сепак, оваа година прославите беа засенети од насилство.
Покрај Париз, инциденти се регистрирани и во Асниер-сур-Сен, каде што осум млади жени беа избодени на градскиот плоштад. Шест од нив поднесоа пријави, а сите добија медицинска помош. Слични напади се случија и во градови како Мец и Гренобл.
Некои од жените кои биле нападнати биле однесени во болница поради симптоми како што се гадење, каде што во моментов се спроведуваат токсиколошки тестови. Сè уште не е познато што имало во шприцовите. Истражителите не ја исклучиле можноста за организирани напади, бидејќи наводно имало повици за такви акции на социјалните мрежи.
Досега се приведени 12 осомничени. Четири лица осомничени за инјектирање на околу 50 лица се уапсени во западниот француски град Ангулем. Истрагата е во тек, а властите ги повикуваат граѓаните да бидат внимателни, особено за време на големи собири.