Свет
Авион на „Ер Франс“ вратен зошто не добил дозвола да ја прелета Русија
Патнички авион на комапнијата „Ер Франс“, кој од Париз летал за Хо Ши Мин, по шест часа лет, се вратил бидејќи не добил дозвола да прелета во дел од воздушниот простор на Русија. Компанијата „Ер Франс“ соопшти дека е отворена истрага поради случајот.
Според информациите, авионот полетал вчера по 13 часот од парискиот аеродром „Шарл де Гол“ и по шест часа лет, капетанот им соопштил на патниците дека не била добиена дозвола за прелетување над рускиот воздушен простор.
Некои од патниците биле изненадени поради оваа ситуација, а од компанијата „Ер Франс“ наведуваат дека е особено изненадувачки што сите други летови кон Азија имале дозвола да прелетаат преку руска територија.
Портпаролот на „Ер Франс“ изјавил дека се работи за исклучително ретка ситуација и дека во својата архива не нашле сличен случај, пренесе „Фигаро“. Фрнацуските медиуми пренесуваат дека една од теориите за можна причина за овој случај е компјутерски баг кој би можел да го модификува каталогот со летови. Поради целиот случај, „Ер Франс“ отвори истрага.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

