Европа
Австралиски сенатор: „Конфликтот меѓу Кина и САД ќе биде толку брз што нема да имаме поим што се случило“

Либералниот австралиски сенатор Џим Молан предупредува дека конфликтот меѓу Кина и САД би можел да биде толку брз, што другите индопацифички земји нема ни да знаат дека конфликтот доаѓа.
Поранешниот австралиски генерал-мајор Џим Молан предупредува дека Кина може да ја нападне американската логистика на сличен начин како нападот на Перл Харбор во Втората светска војна, пишуваат тамошните медиуми.
Сенаторот верува дека Кина може да „убие две птици со еден камен“. Брзиот напад на американската логистика во регионот би го уништил влијанието на САД во регионот, но во исто време би го ставил Тајван под своја контрола, пишува „Дејли мејл“.
„Во моментот кога ќе се ослободат од американското влијание во регионот, тие можат само да му кажат на Тајван, ‘па, што ќе правиш сега?’. Дали ќе се борат во време кога САД не ги поддржуваат? Се разбира дека не “, рече Молан.
Молан потоа ја предупредува Австралија дека, во такво сценарио, треба двапати да размисли за нејзината поддршка за САД.
„Што и да е, тој конфликт ќе биде високотехнолошки. Ќе биде остар, ќе биде брз – и нема да го сфатиме лесно“, додал тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Естонија ја откри патеката на летот на руските авиони вклучени во упадот

Министерството за одбрана на Естонија ја објави патеката на летот на трите руски воени авиони кои го нарушиле естонскиот воздушен простор.
Во соопштението се наведува дека италијански борбени авиони на НАТО ги придружувале руските летала при напуштање на територијата.
„Нарушувањето“ се случило над Финскиот Залив, северно од главниот град Талин, соопшти министерството.
Објаснуваат дека руските авиони од типот МиГ-31 летале „паралелно со државната граница, од исток кон запад“.
Се додава дека тие навлегле помалку од 10 километри во естонскиот воздушен простор.
Европа
Сајбер-напад предизвика проблеми на европските аеродроми

Сајбер-напад насочен кон давател на услуги за системи за пријавување и качување во авион го наруши работењето на неколку европски аеродроми, предизвикувајќи одложувања и откажувања на летови на аеродромите во Брисел и Берлин, соопштија операторите.
Нападот ги оневозможи автоматизираните системи за пријавување и качување во авион, принудувајќи го оперативниот тим на аеродромот да премине на рачни процедури, што значително го забави процесот, се вели во соопштението на аеродромот во Брисел, објави Ројтерс.
Како што е наведено, сајбер-нападот имаше големо влијание врз распоредот на летовите, а патниците беа предупредени да очекуваат одложувања.
Давателот на услуги наведува дека активно работи на решавање на проблемот и враќање на системот во функција.
„Поради технички проблем со давател на систем кој работи низ цела Европа, има подолго време на чекање за пријавување. Работиме на брзо решавање на проблемот“, соопшти аеродромот во Берлин на својата веб-страница.
Аеродром Франкфурт, најголемиот во Германија, не беше засегнат и функционира нормално.
Засега не е познато кој стои зад нападот.
Европа
Остатоци од ракета пронајдени во источна Полска

Наводни делови од ракета, за која се верува дека е употребена за соборување беспилотно летало, можеби се пронајдени во источниот регион Лублин, соопшти полската воена полиција повеќе од една недела откога Полска, со поддршка од авиони на НАТО, собори руски беспилотни летала во својот воздушен простор.
Се очекува разгранокот на воената полиција во Лублин да спроведе форензичко испитување на деловите, соопштија властите на „Икс“.
Минатата недела Полска соопшти дека руски беспилотни летала го нарушиле нејзиниот воздушен простор во текот на ноќта кон средата додека Русија ја напаѓаше Украина.
Русија соопшти дека не ја таргетирала Полска.
фото: принтскрин