Свет
Австралија нападната од стаорци – јадат животни од фарми, се качуваат по чамци и гризаат жици од автомобили
Илјадници стаорци, мртви и живи, ги преплавија плажите во австралиската држава Квинсленд, која со месеци се бори со наездата на глодари.
Стаорците ги нападнаа рибарските села во северна Австралија во последните денови, принудувајќи ги жителите секое утро да ги чистат плажите од купишта мртви глодари.
Овие мали цицачи стигнале до Карумба и Нормантон во Квинсленд, каде што напаѓаат животни од фарми, се качуваат на чамци и ги гризаат жиците од автомобилите.
Стаорците го нападнаа и соседното село Карумба, популарно место за риболов. Купишта мртви, удавени глодари се испуштаат на брегот секој ден, изјави сопственичката на рибарски брод Гема Проберт.
Еден жител сведочеше дека насекаде имало стаорци и дека му го уништиле автомобилот јадејќи ги сите жици од моторот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Американската министерка за финансии: Санкциите против Русија најмногу се заобиколуваат преку Кина, Обединетите Арапски Емирати и Турција
Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска ги повика директорите на европските банки да ја зајакнат контролата врз спроведувањето на американските санкции против Русија.
„Ги повикувам сите институции овде строго да се придржуваат до мерките и уште повеќе да се фокусираат на руските обиди да се избегнат санкциите“, рече Јелен, пренесе Ројтерс.
Таа изјави дека санкциите воведени во декември 2023 година ги попречиле напорите на Русија за производство на стоки неопходни за војната во Украина, но во исто време додаде дека треба да се направи повеќе на ова поле.
Јелен побара од шефовите на европските банки да се погрижат нивните филијали и подружници во странство да ги почитуваат санкциите против Русија.
Таа нагласи дека американските санкции против Русија во моментов се заобиколуваат најмногу преку Кина, Обединетите Арапски Емирати или Турција.
Американското Министерство за финансии продолжува да истражува нови можности кои би го намалиле приходот на Русија и би ја спречиле Москва да набавува производи што ги користи за војната во Украина, заклучи Јелен.
Свет
Политико: Украина најверојатно ќе ги започне преговорите за членство во ЕУ во јуни
Целта на Европската унија (ЕУ) е да ги започне официјалните преговори за пристапување на Украина и Молдавија веќе на 25 јуни, кога се одржува самитот на Европскиот совет, изјавија за бриселски Политико неименувани дипломати од Брисел.
Кога лидерите на ЕУ ги отворија вратите за Украина и Молдавија во декември, потегот беше поздравен како прв чекор во историското проширување на Унијата, пишува во објава на Политико и се додава:
„Официјалното зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ би било голем поттик за Украина, која е во третата година од војната.“.
Свет
Роберт Фицо е свесен и комуникативен, соопштија неговите лекари
Словачкиот премиер Роберт Фицо е свесен и комуникативен, а последователно му беше извршена томографија, соопштија денеска неговите лекари.
„Истовремено, се преземаат натамошни чекори за подобрување на неговото здравје“, соопштија од болницата во словачкиот град Банска Бистрица, каде што премиерот закрепнува по атентатот, пренесува „Ројтерс“.
Вицепремиерот Роберт Калинак во неделата изјави дека премиерот е надвор од животна опасност, иако сè уште е во премногу сериозна состојба за да биде префрлен во болница во Братислава.