Свет
Австралија: Референдум за промена на Уставот за признавање на домородните народи на 14 октомври
Австралискиот премиер Ентони Албанез изјави дека на 14 октомври ќе се одржи референдум за промена на Уставот за признавање на домородните народи.
Целта на референдумот е Абориџините и луѓето од островите Торес Теснец да добијат можност да ја советуваат владата во рамките на парламентот за прашања што се однесуваат на нивните заедници, односно за формирање советодавно тело, домородниот одбор „Глас за парламентот“.
Потребно е повеќе од 50 отсто од гласачите да се изјаснат за промената за референдумот да успее, односно во најмалку четири од шесте австралиски сојузни држави, пренесе „Ројтерс“.
Албанез на прес-конференција во сојузната држава Јужна Австралија го објави датумот на референдумот, кој би можел да го одреди исходот од референдумот.
Абориџините сочинуваат 3,2 отсто од вкупното население на Австралија од 26 милиони.
Поддржувачите за промена на Уставот тврдат дека тоа ќе помогне да се поправат прекинатите врски со абориџинската заедница и да се обедини нацијата.
Противниците тврдат дека тоа ќе ги подели Австралијците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Евакуиран аеродромот „Гетвик“, лондонската полиција го истражува безбедносниот инцидент
Лондонскиот аеродром Гетвик, е евакуиран, а на патниците им било кажано да „излезат веднаш и да се држат настрана“ додека полицајците го истражуваат безбедносниот инцидент.
Голем дел од јужниот терминал на аеродромот е евакуиран, а на патниците им е забранет влезот, објави британскиот весник „Сан“.
❗️London Gatwick Airport’s South Terminal Evacuated Due To ‘Security Incident’
📹 @SportsProNick pic.twitter.com/1SD5Bi8Y7S
— RT_India (@RT_India_news) November 22, 2024
Од аеродромот соопштија дека евакуацијата била „мерка на претпазливост“ додека полицајците истражуваат „безбедносен инцидент“.
И амбасадата на САД во Лондон е затворена поради безбедносна тревога.
Регион
Падна снег, дува силен ветер: делови од Хрватска без струја, автопатот затрупан
Снег паѓа во Горски Котар и Лика и во делот на континентална Хрватска – од Загорје, Меѓумурје до Славонија. Силен ветер дува на Јадранот, во Риека ветерот урива дрвја и телефонски столбови.
Поради снегот, во Горски Котар и Лика во моментот нема слободен патен правец од внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно за камионите со приколки и сите други возила што немаат зимска опрема.
Поради ветерот, на автопатот А7 Рупа – Крижишќе сообраќајот е забранет за автобуси, мотоцикли и возила со камп-приколки.
Свет
Украинскиот парламент ја откажа седницата поради закана од напад
Украинскиот парламент ја откажа седницата поради нова закана од напади.
„Блумберг“ пренесува дека овој потег доаѓа откако Москва вчера лансира експериментална балистичка ракета со среден дострел кон Украина.
Како што најавија надлежните, пленарната седница ќе продолжи следната недела.
Украина објави дека Русија вчера лансирала нов тип балистичка ракета кон градот Днипро како најнова ескалација на непријателствата и алармантен сигнал до западните поддржувачи на Киев.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Русија како одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел лансирала нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, на која, како што рече, современите системи немаат начин да ѝ се спротивстават.