Свет
Австралијка заболена од карцином е првата пациентка која го искористи правото за потпомогната смрт
Австралијка заболена од карцином на дојка стана првата личност која стави крај на својот живот според новите закони за помош при умирање. Шеесет и едногодишната Кери Робертсон почина во јули во старски дом во државата Викторија.
Таа, по 26-дневен процес на одобрување, доби дозвола да го користи контроверзниот закон, кој постои само во Викторија, но се разгледува и во други држави.
Законодавството на Викторија, кое стапи во сила во јуни, им овозможува на терминално болните пациенти, кои исполнуваат одредени услови, право на пристап до смртоносни лекови.
Нејзиното семејство рекло дека Кери е во можност да има овластена смрт што ја сакала.
Робертсон беше дијагностицирана со карцином на дојка во 2010 година, а подоцна се прошири на нејзините коски, белите дробови, мозокот и црниот дроб.
„Таа одлучи да престане со хемотерапија и третман со зрачење во март, откако несаканите ефекти и болката станаа неподносливи“, велат од нејзиното семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.