Свет
Австрискиот претседател оптимист: Уверен сум дека конфликтот во Украина ќе го ставиме под контрола
Австрискиот претседател Александар ван дер Белен се надева на примирје во Украина, но стравува дека ситуацијата во таа земја нема толку бргу да се смири.
„Убеден сум дека овој конфликт ќе го ставиме под контрола“, изјави Ван дер Белен за јавниот сервис ОРФ додавајќи дека не се осмелува да го спомене временското ограничување.
Најважно е, посочува тој, војната да заврши, да се договори примирје и да почнат преговорите.
„Двете страни мора да бидат свесни дека секоја понатамошна ескалација мора да се спречи“, рече Ван дер Белен истакнувајќи дека директната интервенција ќе претставува непроценлив ризик.
Тој ја истакна важноста од добра организација на земјите од ЕУ.
„Да ја немаше ЕУ, ќе имаше хаос“, нагласи Ван дер Белен додавајќи дека рускиот претседател Владимир Путин успеал во нешто што ЕУ долго време не успеала да го постигне, а тоа е брзата и решителна акција на Унијата.
„Тоа е неочекувана последица од оваа војна. Истото тоа може да се каже и за НАТО“, рече тој.
Ван дер Белен рече дека не може да замисли оти ќе има напад на Украина и оцени дека руското население секако не ја поддржува оваа војна.
Ова, како што посочи тој, не само што убива луѓе и ја уништува земјата, туку ја уништува и довербата на Запад и Русија.
Ван дер Белен ја поздрави одлуката на владата да обезбеди поголем буџет за армијата. Во исто време тој одби да се откаже од неутралноста на земјата.
Кога станува збор за пристапувањето на Украина во ЕУ, тој смета дека тоа би било прерано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

