Свет
Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а има и тешко повредени
Дванаесетгодишно момче загина, а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат германските медиуми.
До несреќата дошло кога автомобил, од засега нејасни причини, излетал од патот и удрил во група луѓе, кои стоеле на тротоарот.
Како што пренесеува „Билд“, меѓу повредените се мајката (39) на загинатото дете и друг пешак (43) кој не припаѓа на семејството. Тие се сериозно повредени и со спасувачки хеликоптери се итно пренесени во болница. Возачот на автомобилот и двегодишното дете, кое седело во детска количка на тротоарот, се здобиле со полесни повреди, соопшти полицијата.
Schwerer Verkehrsunfall in #Kempen #St. Hubert
Die Tönisberger Straße ist zwischen der B 9 und Hülser Straße gesperrt.
Unsere Meldung: https://t.co/nTLcm8fibt pic.twitter.com/TCbpp33tAc
— Polizei NRW VIE (@polizei_nrw_vie) October 29, 2020
Од полицијата соопшти дека засега ништо не укажува дека се работи за терористички напад.
„Во моментов нема докази дека возачот намерно влетал во толпата“, рече главниот детектив Антје Хејманс од полицискиот орган во областа Вјерсен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи
Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.
Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.
Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.
Свет
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД
Вирусот на птичји грип е пронајден во говедско месо во САД, но официјални лица изјавија дека месото потекнува од една болна млечна крава и дека не било дозволено да се најде во продавниците во земјата, соопшти американското Министерство за земјоделство.
Надлежните прецизираат дека говедското месо останува погодно за консумирање.
Министерството соопшти дека вирусот бил откриен за време на тестирањето на 96 млечни крави кои биле извадени од производната линија бидејќи федералните инспектори забележале знаци на болеста при рутински прегледи на трупови во погоните за преработка на месо. Птичји грип е пронајден само кај една од овие крави.
Птичјиот грип е пронајден во стадата млечни говеда во девет држави, откриен е во млеко и предизвика уништување на милиони кокошки и мисирки. Сепак, неговото откритие во говедско месо е новост за епидемијата што започна во 2022 година.
Регион
Состојбата на словачкиот премиер Фицо се подобрува
Лекарскиот тим, што се грижи за словачкиот премиер Роберт Фицо, по минатонеделниот атентат денеска потврди дека неговата состојба е субјективно подобрена, соопшти прес-службата на словачката Влада.
Фицо се лекува во болницата „Рузвелт“ во Банска Бистрица.
Тој беше застрелан минатата среда од 71-годишниот писател Јурај Цинтула, кој веднаш беше приведен од полицијата.