Свет
Активисти прекинаа театарска претстава во Лондон, петмина уапсени
Членовите на групата Just Stop Oil ја прекинаа изведбата на претставата Les Miserables во театар во лондонскиот „Вест Енд“, адаптирана од истоимениот роман на Виктор Иго, што доведе до интервенција на полицијата и апсење пет лица.
На видеото што оваа група го сподели на социјалните мрежи се гледаат нејзините активисти како влегуваат на театарската сцена и бараат од публиката да се придружи на бунтот, но се слушаат и гледачите од салата како свиркаат и бараат активистите да го напуштат театарот, пренесува Би-би-си.
Демонстрантите излегоа на сцената со портокалов транспарент и логото на нивната група, а потоа актерската екипа, по неуспешниот обид да продолжи со претставата, ја напушти сцената.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа
Американските разузнавачки претставници ги предупредија американските одбранбени компании да ги засилат мерките на претпазливост по неколку акти на саботажа во Европа за кои властите ја обвинуваат Русија.
Во јавниот билтен на Националниот центар за контраразузнавање и безбедносно советување, одбранбените компании, особено оние кои ја поддржуваат Украина во војната против Русија, добија совет да ја зајакнат својата одбрана пред ескалацијата на руската агресија против сојузниците на Украина, пишува Вашингтон Тајмс.
Руската саботажа во Европа го зголемува ризикот за американските компании во странство и потенцијално дома, напишаа властите во предупредувањето.
Свет
Амал Клуни е една од клучните луѓе во издавањето налог за Нетанјаху
Судиите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во четвртокот издадоа налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, како и на неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант и воениот командант на Хамас. Тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото за време на војната меѓу Израел и Хамас.
Клучната личност зад издавањето на меѓународната потерница беше Амал Клуни, сопруга на познатиот актер Џорџ Клуни и адвокат за човекови права, која помогна да се донесе одлуката до главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд. Амал на оваа задача работи од јуни и беше ангажирана како специјален советник во истрагата на обвинителот на Меѓународниот суд.
Нејзиниот ангажман не помина најдобро кај водечките фигури во САД. Американскиот претседател Џо Бајден го прогласи барањето за „безобразно“ и навести дека ќе бидат преземени санкции против сите што учествувале во создавањето на оваа наредба. Поради ова, на Амал и се заканува кривично гонење и може да биде депортирана од земјата.
Нејзиниот сопруг Џорџ Клуни му порачал на Бајден преку високиот советник Стив Рикети дека Амал не се кае за своите постапки и дека нема намера да ја повлече својата наредба.
Регион
Денеска ќе се одлучува за притворот за 12 уапсени поради трагедијата во Нови Сад
Сите уапсени поради падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад денеска ќе бидат сослушани, објави српски Блиц. Како што јавуваат, после тоа судот ќе донесе одлука за евентуален притвор.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад вчера соопшти дека се уапсени и приведени вкупно 12 лица во врска со трагедијата во Нови Сад, кога падна настрешница на железничката станица во Нови Сад, а вкупно 15 лица го загубија животот, додека двајца се тешко повредени.
Меѓу уапсените се Горан Весиќ, до неодамна министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, потоа Анита Димовски, в.д. помошник министер за железници и интермодален транспорт и Јелена Танасковиќ, до неодамна вршител на должноста директор на „Српска железничка инфраструктура“. Горан Весиќ поднесе оставка на 5 ноември, додека Јелена Танасковиќ во средата.
Порталот Република јавува дека меѓу уапсените е и Небојша Шурлан, поранешен директор на „Српската железничка инфраструктура“, кој на оваа функција беше до март годинава, кога поднесе оставка.