Контакт

Свет

Алекс Салмонд: Мадрид прави маченици од лидерите на независност на Каталонија

Објавено пред

Со казнувањето на деветтемина каталонски политичари на вкупно 100 години затвор за противдржавно дејствување поради ненасилен отпор, Мадрид ги направи маченици и си ја потпиша својата смртна казна, изјави поранешниот шкотски прв министер, Алекс Салмонд, за РТ.

dobivaj vesti na viber

„Пресудата на шпанскиот суд за деветтемина каталонски политичари на девет до 13 години затвор, секој за архаичниот прекршок противдржавно дејствување поради нивните мирни напори за постигнување независност, ќе биде ден на демократскиот срам за Шпанија. Уште полошо – за Шпанија, барем тоа е знак дека шпанската контрола врз покраината завршувa“, рече Салмонд, кој како прв министер го водеше шкотскиот референдум за независност во 2014 година.

Пресудите, според Салмонд, се недемократски, угнетувачки и тотално контрапродуктивни за шпанската влада затоа што сега политичарите за независност ќе постигнат статус на мачеништво.

„Ова е ден кога овие шпански судии всушност ја запечатија судбината на шпанската држава. Не верувам дека каталонската криза ќе заврши на поинаков начин, освен со независност на Каталонија“, објасни Салмонд.

Каталонците беа прогласени за виновни за противдржавно дејствување, но не и за бунт, најсериозно од обвиненијата со кои се соочија поради прогласувањето независност во 2017 година. Обидот за отцепување следува по референдумот, забранет од владата на Мадрид, на кој 90 отсто од Каталонците се изјаснија за независност и покрај големиот притисок врз оние 42 отсто што излегоа на гласање.

Жестоко критикувајќи го Мадрид за архаичната дефиниција на противдржавното делување како кривично дело, дури и во отсуство на насилство, Салмонд повика Владата да биде судена поради нејзините недемократски дејства и предвиде дека каталонските политичари ќе добијат правда во Европскиот суд на правдата во Стразбур, каде ќе ја обжалат пресудата.

„Кога избраните политичари користат неизбрани судии за казнување на други избрани политичари на вкупно 100 години за деветмина од нив, тогаш работите достигнале точка што не може да се одржи и не мислам дека шпанската држава ќе го преживее овој бес“, посочи Салмонд.

Зборовите на Салмонд се совпаѓаат со оние на лидерот на партијата на Каталонската Републиканска левица, Ориол Јункерас, кој доби најдолга затворска казна во групата – 13 години. По изрекувањето на казната, Јункерас рече дека независноста на Каталонија е поблизу од кога било.

Карлос Пуџдемон, поранешниот премиер на Каталонија кој го предводеше обидот за независност во 2017 година, објави твит во знак на солидарност од Белгија, каде што избега за да избегне апсење по бунтот, нарекувајќи ја пресудата злосторство.

Шпанија досега не успеа да ги убеди другите европски земји да ги екстрадираат Пучдемон и неговите колеги, каталонски политичари поборници за независност, но тоа не го спречи Врховниот суд да ја реактивира европската потерница за него по изрекувањето на казната во понеделникот.

 

Свет

Рубио пристигнува во Будимпешта, ќе разговара со Орбан, Сијарто: Ова е златно доба

Објавено пред

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, а според американскиот Стејт департмент, кратката посета на Рубио ќе се фокусира на енергетското партнерство меѓу двете земји.

dobivaj vesti na viber

Унгарија речиси целиот свој природен гас го добива од Русија. Вашингтон ја охрабрува Унгарија да купува американски течен природен гас во големи размери во иднина.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто однапред нагласи дека разговорите со Рубио ќе се фокусираат и на начините за прекин на руската агресија врз Украина, изјави тој за унгарското државно радио.

Билатералните односи со Соединетите Американски Држави во моментов доживуваат „златно доба“ откако американскиот претседател Доналд Трамп ја презеде функцијата, додаде Сијарто.

Причината, рече тој, е што Вашингтон ѝ дозволи на Унгарија да увезува нафта од Русија и покрај санкциите, а исто така ја ослободи од санкции планираната руска инвестиција во унгарската нуклеарна централа Пакш.

Орбан и неговата влада одржуваат добри односи со Кремљ и Трамп со години.

Прикажи повеќе...

Европа

Заедничко писмо од германските и британските воени команданти: Постои морална причина за вооружување

Објавено пред

Шефот на британските вооружени сили, Ричард Најтон, и неговиот германски колега, Карстен Бројер, се залагаат за поголеми инвестиции во одбраната, нагласувајќи дека постои и „морална“ причина за вооружување против руската закана.

dobivaj vesti na viber

Во заедничко писмо објавено во британски „Гардијан“ и германски „Ди Велт“, двајцата офицери изјавија дека зборуваат „не само како воени лидери на две од најголемите европски земји кои трошат најмногу воени средства, туку и како гласови на Европа која сега мора да се соочи со непријатните вистини за својата безбедност“.

Тие предупредија дека Русија „одлучно се движела кон запад“ за време на нејзината инвазија на Украина и посочија дека е потребна „конечна промена во нашата одбрана и безбедност“ низ цела Европа.

Предупредувањето од воените шефови доаѓа по затворањето на годишната Минхенска безбедносна конференција, каде што светските лидери се собраа за да разговараат за иднината на европската одбрана и војната во Украина.

„Постои морална димензија во овој напор. Повторното вооружување не е воено подбуцнување; тоа е одговорно дејствување на нациите решени да го заштитат својот народ и да го зачуваат мирот. Силата ја одвраќа агресијата. Слабоста ја поканува“, наведоа тие во писмото.

Тие додадоа дека „сложеноста на заканите бара пристап на целото општество и отворен разговор со јавноста низ целиот континент дека одбраната не може да биде одговорност само на униформираниот персонал. Тоа е задача на секој од нас“, објави ДПА.

Во својот говор на конференцијата, британскиот премиер Кир Стармер ги повика европските земји да ги зголемат своите трошоци за одбрана за да не се потпираат повеќе на САД.

Тој, исто така, објави дека Обединетото Кралство ќе ја испрати својата ударна група воени бродови да патролираат низ Арктикот, поради страв од руско и кинеско влијание во таканаречениот далечен север.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинците жестоко нападнаа руски регион: останаа без струја и греење

Објавено пред

Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа делумни прекини на електричната енергија и греењето во западниот руски регион Брјанск, соопштија локалните власти доцна во вторникот, опишувајќи ги нападите како меѓу најжестоките од почетокот на војната.

dobivaj vesti na viber

Гувернерот Александар Богомаз изјави на Телеграм дека нападите врз енергетската инфраструктура оставиле пет општини и делови од градот Брјанск без електрична енергија и греење.

Тој рече дека нападот со беспилотни летала траел повеќе од 12 часа и дека биле соборени повеќе од 170 беспилотни летала.

Русија постојано го таргетира енергетскиот систем на Украина со ракети и напади со беспилотни летала откако ја започна својата целосна инвазија во 2022 година.

Како одговор, украинската војска ги засили нападите со беспилотни летала на руска територија, честопати таргетирајќи ги постројките за преработка на нафта и гас. Регионот Брјанск се наоѓа во близина на украинската граница и беше меѓу руските региони најпогодени од прекугранично гранатирање и напади со беспилотни летала за време на конфликтот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет17 минути

Рубио пристигнува во Будимпешта, ќе разговара со Орбан, Сијарто: Ова е златно доба

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта, а според американскиот Стејт...

Европа22 минути

Заедничко писмо од германските и британските воени команданти: Постои морална причина за вооружување

Шефот на британските вооружени сили, Ричард Најтон, и неговиот германски колега, Карстен Бројер, се залагаат за поголеми инвестиции во одбраната,...

Европа1 час

(Видео) Украинците жестоко нападнаа руски регион: останаа без струја и греење

Украинските напади со беспилотни летала предизвикаа делумни прекини на електричната енергија и греењето во западниот руски регион Брјанск, соопштија локалните...

Свет1 час

Масовниот убиец од Бонди Бич се појави на суд, адвокатот: Тој живее во тешки услови

Мажот осомничен за пукањето на прославата на еврејскиот празник Ханука на познатата плажа Бонди во Сиднеј во напад во кој...

Македонија11 часа

30 домови во скопската општина Сарај се под вода по обилните дождови

Повеќе од 30 домови во скопската општина Сарај се поплавени, теренските екипи интензивно интервенираат Градоначалникот Мухамед Елмази објави дека во...

Македонија13 часа

(Видео) Големи поплави во Кичево, ЦУК на терен

Според вонредните информации од Центарот за управување со кризи за состојбата до 17:00 часот со обилните врнежи, во Скопскиот Регион,...

Македонија17 часа

Во Гостивар две деца и нивната мајка останаа заробени во домот поради поплавите

Поради непрестајните врнежи и излевањето на реките, западниот дел на Македонија се наоѓа во вонредна состојба. Во Кичево, стотици семејства...

Македонија19 часа

Обилните врнежи предизвикаа поплави во повеќе региони, во Кичево евакуирани околу 180 лица

Центарот за управување со кризи информира за состојбата по обилните врнежи од дожд заклучно со 12:30 часот, при што се...

Македонија19 часа

Можни излевања на реките, критична состојба во Полошко, Кичевско и Пелагонија

Управата за хидрометеоролошки работи напладне издаде предупредување за значително зголемување на водостојот на реките во западните делови од државата, по...

Македонија21 час

Измени на Законот за електронски комуникации за укинување на трошоците за роаминг

Со измени на Законот за електронски комуникации, што се поставени за расправа на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) државава...

Свет23 часа

Американците понудиле безбедносни гаранции за Украина, Зеленски не е задоволен

САД му понудија на Киев 15-годишни безбедносни гаранции, но Украина сака повеќе и смета на период од најмалку 30 години,...

Топ2 дена

Петнаесет возачи се лишени од слобода во еден ден поради возење без возачка дозвола

Петнаесет возачи се лишени од слобода вчера поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под...

Македонија2 дена

Ја давел и ја претепал бремената партнерка, се спасила откако го убедила да ја носи на лекар, па побегнала додека стоеле на семафор

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 52-годишен маж осомничен за кривично дело Телесна повреда според член 130 став 2...

Македонија2 дена

Градоначалникот Ќура ангажирал фирма што ќе утврди зошто е загадена водата во Струга

Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, најави дека на 16 февруари приватна институција од Скопје ќе ги утврдува причините за загадувањето...

Македонија2 дена

Осомничениот за убиството за жената од Челопек е поврзан и со други кривични дела

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место во селото Челопек, каде беше пронајдено безживотно тело...

Македонија2 дена

Убиство во Челопек, 78-годишна жена задушена со перница

Полицијата уапси дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна...

Македонија2 дена

Љубов или вино: што навистина славиме на 14 февруари?

Секој 14 февруари, истата ситуација – некои го препознаваат само Свети Трифун, додека други го сметаат Свети Валентин, или Денот...

Македонија3 дена

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ3 дена

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија3 дена

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...