Свет
Американка се обидела да изнајми маж да ѝ го убие синот
18-годишната Јазмин Паез од Мајами е обвинета дека оваа недела се обидела да изнајми платен убиец да го убие нејзиниот 3-годишен син.
Инспекторите рекоа дека во вторникот биле контактирани од маж што води лажна веб-страница за најмување убијци за да извести дека една жена контактирала со операторот за да договори убиство на своето дете, пренесува Си-би-ес.
Според полицијата, основачот на веб-страницата ја создал за да ги фати и запре оние што сакаат да ангажираат убиец. Полицијата соопшти дека осомничената ги дала адресата и фотографијата на детето за да му ја олесни работата на убиецот.
Полицијата ја проверила веродостојноста на информациите на администраторот на веб-страницата и ја уапсила младата мајка. Според истражителите, жената побарала работата да биде завршена до четврток. Таа побарала нејзиното дете да биде однесено некаде подалеку и да биде убиено што е можно побргу.
Полицијата ја следела адресата на компјутерот што 18-годишната жена го користела за испраќање барања до лажната веб-страница. Полицијата отишла на домашната адреса од каде што таа го користела компјутерот, а разговарале со бабата на детето. Полицијата го пронашла момчето живо и здраво во куќата.
Инспекторите потоа се претставиле како најмени убијци и разговарале со мајката на детето, која го потврдила барањето и се согласила да плати 3.000 долари за убиството на својот син. По ова, Паез е уапсена.
На инспекторите им рекла дека била во романтична врска со личност на која не ѝ се допаѓала да има дете и дека раскинале поради тоа, пишува Си-ен-ен. Паез се појави на суд во средата и доби правно застапување преку канцеларијата на јавниот бранител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маск подготвен да биде домаќин на изборната дебата на претседателските кандидати во САД
Американскиот претприемач и милијардер Илон Маск денеска објави подготвеност да биде домаќин на изборната дебата на кандидатите за претседател на САД, која се очекува да се одржи меѓу сегашниот и поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и Доналд Трамп, со учество на независниот кандидат Роберт Кенеди Џуниор.
„Се разбира“, напиша Маск на својот профил на социјалната мрежа X, одговарајќи на прашањето на Кенеди дали тој ќе биде домаќин на дебатата.
Маск рече и дека смета оти во предизборните дебати треба да учествува независниот претседателски кандидат на изборите во САД, Роберт Кенеди Џуниор.
Свет
Руски беспилотни летала гаѓаа украинска енергетска инфраструктура, делови од земјата без електрична енергија
Руски беспилотни летала погодија електрани рано утринава, прекинувајќи ја струјата во некои делови од областа Суми во северна Украина, соопштија властите.
Во објава на комуникациската платформа Телеграм, регионалните власти соопштија дека беспилотните летала ги погодиле градовите Шостка и Конотоп, североисточно од Киев и во близина на границата со Русија. Воздухопловните сили на Украина соборија седум беспилотни летала користени во нападот, соопштија регионалните власти.
Украинската војска соопшти дека соборила 24 беспилотни летала лансирани од Русија во напад во текот на ноќта врз пет други региони на југот и на истокот на земјата.
Службите за итни случаи работат на враќање на струјата во три окрузи.
Пред нешто повеќе од една недела, руските сили ја преминаа границата и почнаа да навлегуваат во североисточниот регион Харков, а властите предупредија на трупање војници и можен напад врз соседниот регион Суми.
Европа
Норвешка ја призна палестинската држава
Владата на Норвешка денеска соопшти дека нордиската земја признава независна палестинска држава.
Норвешкиот премиер Јонас Гар Стор денеска изјави дека скандинавската земја донела одлука официјално да ја признае Палестина како држава.
Одлуката стапува на сила на 28 мај, објави АП.
„Не може да има мир на Блискиот Исток доколку не дојде до признавање“, рече норвешкиот премиер, додавајќи дека „Палестина има основно право на независна држава“.
Неколку земји од Европската унија во последните недели дадоа индикации дека планираат да ја признаат Палестина, бидејќи сметаат дека решението со две држави е клучно за траен мир во тој регион.
Норвешка, која не е членка на Европската унија, но најмногу ги следи одлуките на Брисел, долго време го поддржува решението со две држави, Израел и Палестина.