Свет
Американската војска и ЦИА тајно ги извлекуваат граѓаните од Кабул

Американските вооружени сили и ЦИА спроведуваат тајни операции со цел евакуација на своите граѓани надвор од аеродромoот во Кабул, објави „Волстрит журнал“.
Според американскиот весник, ЦИА почнала неколку тајни операции со цел евакуација на Американците од Кабул, но и од други локации, користејќи воени хеликоптери.
Покрај тоа, американските војници, заедно со нивните соработници, особено Британците и Французите, спроведуваат операции на терен во кои ги извлекуваат своите сонародници, како и Авганистанци со зелена карта и специјални визи, но приоритет им се дава на американските граѓани, објавија агенциите.
Откако администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден објави крај на военото присуство во Авганистан и почна евакуација, Талибанците почнаа офанзива против авганистанската влада и ја презедоа контролата врз поголемиот дел од земјата на 15 август, кога без борба го зазедоа главниот град Кабул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Белата куќа го објави распоредот за средбата Трамп-Путин

Белата куќа го објави распоредот за средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
Во 6:45 часот наутро по источно време (11:45 часот наутро по македонско време), американскиот претседател треба да ја напушти Белата куќа за Анкориџ, Алјаска, каде што ќе се одржат разговорите.
Средба
Трамп и Путин треба да ги започнат своите разговори околу 11:00 часот наутро по локално време (21:00 часот по македонско време). Тие ќе се сретнат приватно, со присуство само на нивните преведувачи.
Враќањето на Трамп
Американскиот претседател планира да го напушти Анкориџ и да се врати во Белата куќа околу 17:45 часот по локално време (03:45 часот по македонско време).
Европа
(Видео) Украина разнесе руски брод што превезувал иранско оружје

Украинските специјални сили извршија напад врз руското пристаниште Оља во регионот Астрахан, погодувајќи брод што превезувал делови од беспилотните летала „Шахед“ и иранска муниција. Се сомнева дека украинските беспилотни летала истовремено нападнале рафинерија за нафта во регионот Самара, објавува „Киев пост“.
Според соопштението од Генералштабот, нападот е извршен во четврток во соработка со Силите за специјални операции и други единици на одбранбените сили, со цел да се намали способноста на Русија да спроведува воздушни напади.
Пристаништето Оља е еден од клучните логистички центри за увоз на воена опрема од Иран. Бродот „Порт Оља 4“, кој наводно превезувал делови за беспилотни летала и муниција, бил погоден. Проценката на штетите е сè уште во тек.
Рано утрово, беспилотни летала од Краснодар нападнаа рафинерија во градот Сизран во регионот Самара. Мештаните пријавија до 10 експлозии од 4 часот наутро, а снимки и фотографии од пожар во објектот се појавија на Телеграм. Руските власти сè уште не ја потврдија штетата.
Украина официјално не коментираше до моментот на објавување.
Руското Министерство за одбрана тврди дека неговата воздушна одбрана соборила 53 украински беспилотни летала преку ноќ.
фото: принтскрин
Свет
Белата куќа ги намали очекувањата пред состанокот меѓу Трамп и Путин

Претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин, кои ќе се сретнат лице в лице за прв пат по шест години, во придружба само на нивните преведувачи, ќе се обидат да видат дали постои начин да се запре војната во Украина. Трамп рече дека за неколку минути ќе знае дали има простор за договор.
На состанокот нема да се дискутира за конечен мировен договор за Украина – кој, според претходните изјави на Трамп, би можел да вклучува поделба на територијата – предлог што украинскиот претседател Володимир Зеленски досега цврсто го отфрли.
Белата куќа вели дека не очекува голем исчекор, опишувајќи го состанокот како „сослушување“, а не како сериозни преговори.